Јаболковиот оцет како замена за многу производи за убавина
Во случај да не сте слушнале, јаболковиот оцет е новото кокосово масло. Кога станува збор за третманите за убавина, сè што ви е потребно се само неколку капки од оваа магична течност.
Еве за што сè можете да го користите:
Третман на акни
Сигурно ќе се согласите дека возрасните акни се нешто со што ниту една жена не сака да се справува. Јаболковиот оцет помага да се убијат бактериите, да се намали воспалението, да се спречат идните пробиви како и да се смират тековните. Има јак мирис, па затоа нанесувајте мала количина неколку пати во текот на денот или навечер. Пред да го нанесете директно на вашето лице добро е да го разредите со малку вода бидејќи е силен и може да ја оштети кожата.
Природен третман на првут
Една од можеби најизненадувачките употреби на јаболковиот оцет е токму оваа. Јаболковиот оцет може да се користи како природен лек против првут и сув скалп кој предизвикува чешање. Ако имате многу првут, нанесете го со памучна крпа на скалпот навечер пред спиење. Исплакнете го следното утро и тоа ќе ви помогне да го балансирате масниот скалп и да имате поздрава коса.
Детокс бања
Бањањето со јаболков оцет е одлично за детокс на вашето тело и за болки во мускулите како резултат на физичка активност. Но, внимавајте на количината! Премногу јаболков оцет може да ги иритира интимните делови или исечениците.
Третман на стапалата
Јаболковиот оцет може да се користи како ладен летен третман за разубавување на стапалата – да се намали отокот и како помош за отстранување на грубата кожа и плускавците. Потопете ги стапалата во неразреден јаболков оцет за да се ослободите од тврдоглавите плускавци.
Тонирање на кожата
Уште една придобивка од употребата на јаболковиот оцет е тонирањето на кожата. Можете да го употребувате како тонер за да ја балансирате pH вредноста на кожата а дополнително ќе и даде природен сјај на вашата кожа. Разредете го со вода или додадете есенцијални масла за да го неутрализирате силниот мирис.
Крај