Јапонски чизкејк од 3 состојки
Запознајте го десертот за кој сите зборуваат и пишуваат: јапонски чизкејк. За разлика од сѐ што претходно сте вкусиле, овој десерт е воздушест и мек, но сепак има богат и кремаст вкус. И дали споменавме дека за неговата подготовка ви се потребни само три состојки?
Состојки:
– 7 јајца
– 250 гр бела чоколада
– 220 гр крем сирење
Опционо за сервирање:
– хопла
– овошје по желба
Подготовка:
1. Издвојте ги белките и жолчките од јајцата во посебни садови.
2. Белата чоколада и крем сирењето ставете ги во огноотпорен сад и растопете ги на пареа додека не се соединат.
3. Тргнете ја мешавината од оган и оставете ја 10-тина минути да се излади. Потоа додајте ги жолчките и измешајте ги состојките.
4. Со миксер изматете ги белките додека не добиете цврста пенеста смеса.
5. Полека додадавајте од изматените белки во садот со останатите состојки и внимателно мешајте додека состојките не се соеднинат.
6. Тавата за печење обложете ја со хартија и во неа додадете ја смесата. Тавата поставете ја во поголем плех во кој ќе ставите вода така што ќе покрива 1/3 од тавата со чизкејк.
7. Печете 15 минути во претходно загреана рерна на 180 степени, а потоа намалете ја температурата на 150 степени и печете уште 15 минути. Исклучете ја рерната и оставете го чизкејкот внатре уште 15 минути.
8. Откако чизкејкот целосно ќе се излади може да се декорира по желба.
Извор: purewow
Крај