Јапонски метод за пакување подароци: Креативно, лесно и без неред!
За овој традиционален јапонски метод за пакување подароци полуде целиот свет, а посебен е по тоа што е еколошки прифатлив и нема потреба од хартија за виткање. “Фурошики” на јапонски значи “крпа”, а тоа е токму она што ви треба за посебните новогодишни подароци.
За време на најубавиот период од годината, Божиќ и Нова Година, исто така можете да “живеете зелено”. За да избегнете фрлање трупови неискористена украсна хартија после пакувањето подароци, оваа година пробајте го овој генијален метод фурошики.
Она што е посебно кај овој традиционален јапонски метод за пакување подароци е тоа што се користат парчиња текстил, крпа или стара облека наместо украсна хартија – и тоа на неверојатно креативен и посебен начин.
Идејата потекнува од јапонскиот Едо период (околу 17 век) кога древните Јапонци ги пакувале своите алишта со оваа техника во јавните тоалети, за да не им се измешаат со алиштата на другите граѓани. За тоа користеле “фурошики”, ткаенина за капење сличнa на пешкири но, од друг материјал.
Секој од вашите најмили, пријатели роднини или вашиот партнер, ќе добие свој персонализиран подарок и тоа ќе им покаже колку ви значат овие празници.
Пакувањето е го готово за минута, а нема потреба од лепливи траки, врвки, машнички и слично, така што лицето на кое сте му го дале подарокот, може повторно да го искористи својот фурошики за некој друг подарок и да направи нешто добро за околината.
Во следново видео можете да погледнете како да го спакувате било кој подарок со помош на фурошики методот:
Ако сакате вашиот подарок да биде уште поубав на изглед, можете да ги исцртате вашите ткаенини со бои за текстил или со акрилни бои. Оживејте ги со божиќни мотиви, написи и различни шарки.
Извор: stil.kurir.rs
Крај