Дали бебето треба да спие во иста соба со родителите?
Новороденчињата треба да спијат во иста соба – но не и во ист кревет – со родителите додека не наполнат 1 година, препорачуваат педијатрите ширум светот.
Спиењето во иста соба со родителите е најважно за новороденчињата во првите шест месеци од животот, бидејќи во овој период шансите за појава на синдромот ненадејна смрт на новороденче изнесуваат 90%.
Но делењето иста соба со родителите се препорачува и низ целата прва година од животот на новороденчето, бидејќи останатите 10% од случаите на ненадејна смрт на новороденче се јавуваат во вторите шест месеци од животот.
Доколку новороденчето спие блиску до родителите во текот на ноќта, за родителите ќе биде полесно да го хранат, смируваат и надгледуваат, а со тоа се намалува и ризикот од појава на синдромот за 50%.
Неколку препораки за новите родители или за оние што очекуваат принова:
1. Бебињата треба СЕКОГАШ да спијат на грб
Додека наполнат 1 година, бебињата при спиење треба да се поставуваат на грб. Истражувањата покажуваат дека доколку новороденчето спие на страна се зголемува ризикот од појава на синдромот ненадејна смрт.
2. Површината на којашто спие бебето, треба да биде цврста и без перници или други подвижни предмети.
Иако се промовираат голем број производи кои би го направиле креветчето на вашето бебе побезбедно и поубаво декорирано, сепак педијатрите не ги препорачуваат. Според најновите препораки новороденчињата во текот на првата година од животот треба да спијат на цврста подлога без подвижни перници, играчки или лабава површина.
3. Новите мајки треба екслузивно да ги дојат своите бебиња во текот на првите шест месеци.
Доењето го намалува ризикот од појава на синдромот ненадејна смрт – но најголема корист имаат бебињата кои екслузивно се дојат во текот на првите шест месеци од животот.
4. Новороденчињата треба да бидат во прегратките на нивните мајки во текот на првиот час по нивното раѓање
Новороденчињата треба да имаат контакт кожа-на-кожа со нивните мајки во првиот час по нивното раѓање – или штом мајката е медицински стабилна, будна и способна да реагира на своето бебе.
Доказите укажуваат на тоа дека контактот кожа-на-кожа им помага на предвреме родените бебиња, на тој начин што им ја стабилизира телесната температура и глукозата во крвта, зголемувајќи ја во исто време кардио-респираторната стабилно и смирувајќи го нивниот плач. Експертите тврдат дека ова е корисно и за сите новороденчиња, не само за оние кои се предвремено родени.
5. Родителите треба да ги користат своите кревети за спиење за да ги хранат и смират бебињата, а не каучите или фотелјите.
Според најновите истражувања, не се препорачува бебињата и родителите да делат ист кревет. Но ако родителите ги смируваат или хранат новороденчињата во текот на ноќта, тогаш подобро е тоа да го прават на креветот за спиење, а не на фотелјите или каучите кои можат да бидат опасни за новороденчињата.
Ако се случи родителите да заспијат при хранење на бебето ве текот на ноќта, перниците на фотелјата или потпирачите за раце можат да претставуваат поголем ризик за појава на смрт отколку рамната површина на креветот во спалната соба.
Од истата причина, кога родителите се во својот кревет и ги смируваат или хранат своите бебиња, треба да го расчистат креветот од перници, прекривачи, ќебиња или други предмети кои можат да предизвикаат задушување или гушење ако родителот ненамерно заспие. По хранењето или смирувањето, бебињата треба да се вратат во своето креветче.
6. Новите родители треба да се советуваат со својот педијатар за тоа кои се најбезбедни опции за спиење на нивните новороденчиња.
Игнорирајте ги разните сајтови кои ги промовираат своите производи и разговарајте со вашиот доктор за тоа кој е најбезбедниот избор за спиење за вашето бебе.
Постојат и производи кои промовираат дека го намалуваат ризикот од појава на ненадејна смрт, но ниту еден производ не е докажано дека тоа реално може да го постигне.
Сите медицински лица кои обезбедуваат грижа за новороденчињата – од педијатри па се до патронажни сестри треба постојано да разговараат со новите родители и да им укажат како да ја одржуваат безбедна средината во која бебето спие.
Крај