Направете неодоливи фотографии од вашите деца
Иако се многу слатки, децата се нетрпеливи и премногу тешки за фотографирање. (“Јана, остави ја пелената од брат ти и насмевни се!”). Повелете, неколку лесни трикови за поубави фотографии.
Дајте им нешто да се занимаваат
Ниедно дете не сака да седи додека се вртите околку него со камерата. Подобро е да му дадете нешто да се занимава (на пример да фрла ливчиња во воздухот) додека се обидувате да направите една убава спонтана фотографија. Неколку слични идеи: дување балончиња, правење замок од песок, јадење сладолед и играње со коцки.
Оставете ги да ја држат својата омилена играчка
Децата се нервозни кога се пред камера. Оставете ги да ја гушкаат омилената плишана играчка за да се чувствуваат поудобно. Навистина ќе добиете преслатки фотографии.
Не се плашете од малку хаос
Мора да признаете дека едни од најдобрите фотографии се оние кои не испаднале според планот. Помислете: Вашето дете како скока во некое вирче од дожд, како му е целото лице размачкано со роденденската торта или како чкрта надвор од боенката (па и себеси). Обидете се да не бидете крути со вашата визија.
Оставете ги сами да си изберат облека
Имате замисла за фотосесија со морнарска тема (дури и го купивте најслаткиот морнарски костим), но вашата ќерка сака да го облече нејзиниот фустан од омилената принцеза. Поголема е веројатноста дека таа ќе се чувстува поудобно и ќе биде поопуштена во облеката што сама си ја избрала. Помирете се со тоа и отстапете.
Побарајте да ви раскажат приказна што ќе ги натера да се смеат
Ако им кажете да се насмевнат, веројатно ќе добиете вештачка насмевка. Наместо тоа, добијте ја нивната природна насмевка, така што ќе побарате да ви раскажат некоја смешна приказна или некое смешно сеќавање (на пример кога дедо ја залепи лажицата на носот).
Изберете интересна позадина
Изберете некој интересен постер, ѕид од тули или некој графит на улица. Немојте да избирате несредена дневна соба, досадни бели ѕидови или друго место каде облеката на вашето дете се вклопува во позадината.
Кажете им да трчаат кон вас
Сигурно ја обожавате сликата кога тие трчаат кон вас со нивните рачиња ширум отворени. Фатете го тој момент на фотоапаратот така што ќе изберете некоја празна улица или тротоар по кој само тие ќе трчаат. Потоа сликајте што повеќе пати.
Крај