Како да исчистите загорен сад за готвење
Не очајувајте ако ви загори храната и остави трагови во садот за готвење. Во прилог следуваат трикови за ефикасно отстранување запечени остатоци од храна.
Дури и на најискусните домаќинки може да им се случи понекогаш да им загори храната и да остави упорни запечени дамки кои на изглед е невозможно да се отстранат. Без разлика дали се работи за загорено млеко, сосови или некоја друга храна, ви претставуваме два начини за ефикасно да ги исчистите загорените садови за готвење.
Во загорениот сад ставете вода во висина од три прсти и во неа растворете малку прашок за печиво – и загорениот дел на дното на садот ќе се отстрани многу лесно. Во садовите кои се многу загорени се става и малку детергент и добро се трие со метална жица за чистење садови.
За другиот начин на чистење ќе ви бидат потребни три лажици оцет, 1 лажичка сода бикарбона и две шолји вода. Истурете ја водата во садот и додадете го оцетот. Потоа ставете го садот на ринглата и оставете да зоврие. Садот тргнете го од ринглата и турете сода бикарбона. Испразнете го садот и истријте го со грубата страна на сунѓерот. Ако дамката е упорна, користете и жица за триење, а можете да додадете и уште малку сода бикарбона.
Со примена на овие совети ќе заштедите од времето за миење садови, а загорените садови повеќе нема да ви претставуваат ноќен кошмар.
Извор: ehow
Крај