Како да останете мотивирани за вежбање
Најдете причина
Поставете си одредена цел и истата исполнете ја: да изгубите неколку килограми, да имате убаво тонирано тело, да живеете подолго, да го подобрите вашето здравје и расположение. Ако сакате да останете мотивирани за вежбање најдете добра причина зошто тоа треба да го правите.
Не гледајте на вежбањето како на казна
Кога станува збор за постојаност во вежбањето, мора да го завземете вистинскиот став. Многу луѓе започнуваат да одат во теретана или да трчаат, но потоа брзо се откажуваат. Ако сакате да постигнете резултати не велете: “Уффф ќе вежбам подоцна”. Наместо тоа, кажете: “Одвај чекам да тренирам подоцна”. Колку по негативно гледате на вежбањето, толку помалку привлечено тоа ќе ви биде и потешко ќе се задржите на вистинскиот пат.
Поставете си реална цел што можете да ја постигнете
Големата цел да изгубите 10 килограми, поделете ја на повеќе помали цели и обидете се да направите нешто попрактично: пример да изгубите 1-2 килограми месечно. Постигнувањето на овие помали цели, ќе ве прави среќни затоа што сте успеале и ќе ве поттикне да останете на вистинскиот пат.
Првата недела е најкритична
Повеќето луѓе се откажуваат од вежбањето во текот на првата недела. Да, на почетокот ќе ве болат сите мускули, но болката ќе престане после 2 или 3 тренинзи – издржете!
Како и секој нов во теретана, возбудата ќе ви овозможи да кревате големи тежини, но трикот е да започнете бавно. Започнете со пониски тежини и научете ги границите на вашето тело.
Наградете се за достигнувањата
Секогаш кога ќе постигнете одредена цел – наградете се за тоа! Сега кога сте во форма, купување помал број облека што одлично ви стои ќе ве направи да се чувствувате убаво. Затоа одете на шопинг и заблескајте – го заслужувате тоа!
Јадете здрава храна
Една од најголемите причини поради која луѓето престануваат да вежбаат е затоа што не гледаат никакви видливи резултати од напорните тренинзи, а најчеста причина за ова е тоа што не внесуваат поздрави навики во исхраната.
Нормално е кога вежбате вашето тело да бара внес на повеќе калории отколку вообичаено, но тоа не ве оправдува да јадете нездрава храна (цело време).
За да ги постигнете саканите резултати потребно е да го промените начинот на исхрана и да јадете здрава храна.
Крај