Природен или вештачки: Како да препознаете вистински мед!
Сите ние добро знаеме кои се хранливите и лековитите својства на медот, но секогаш се прашуваме дали станува збор за вистински природен мед. За жал, во маркетите може да се најде и лажен мед кој се прави од шеќерен или пченкарен сируп, адитиви и бои. Но затоа, врвните пчелари ни откриваат доста едноставни методи како да утврдиме дали се работи за вистински или лажен мед.
Прво што можете да пробате е да протриете малку мед меѓу палецот и показалецот, па ако прстите се лепат, тоа значи дека содржи шеќер или некој друг дополнителен засладувач. Природниот мед не е леплив и брзо се упива во кожата.
Исто така, ставете неколку капки мед на хартија или на хартиено марамче. На вистинскиот мед ќе му биде потребно многу време за да продре низ хартијата, бидејќи не содржи вода.
Наполнете чаша вода и додадете една лажичка мед. Природниот мед ќе падне на дното на чашата и ќе остане цврст, додека “лажниот” мед веднаш се растопува.
Намачкајте од медот на парче леб. Природниот мед ќе го стврдне лебот за неколку минути, додека медот со додатоци ќе го навлажни лебот поради водата што ја содржи.
Пред да го проголтате природниот мед, се чувствува пецкање во устата, кое изоставува доколку е во прашање вештачки мед.
Природниот мед со тек на време кристализира, додека вештачкиот останува непроменет.
Врвот од ќибритчето макнете го во медот и запалете го. Природниот мед нема да го попречува процесот на согорување, за разлика од “лажниот” кој содржи вода.
Ставете неколку лажички мед во сад и потоа загревајте го на висока температура во микробранова печка. Природниот мед ќе се карамелизира, додека лажниот ќе стане пенаст и полн со меурчиња.
Трикот со кој се служат пчелите за одбрана од непожелни гости во својата кошница, како што се мравите, е сигурен тест за исправноста на медот. Затоа едноставно ставете малку мед во близина на мрави и ако е природен, тие ќе го заобиколат.
Извор: stil.kurir.rs
Крај