Како да се справите со нарцис?
Доколку имате некој нарцис во вашиот живот знаете дека тие се многу тешки за справување. Тие се насочени само кон себе и се егоистични. За нив светот постои и се врти само околу нив. Нивниот нарцизам ги отфрла повеќето луѓе и затоа имаат ограничен број на пријатели.
Па, еве неколку начини за полесно да се справите со нив:
Препознајте за колку голем нарцис станува збор.
Пред да започнете да комуницирате со нарцис, проверете дали тие имаат тенденција на нарцизам, бидејќи некогаш станува збор само за начин на однесување. Нарцистите немаат емпатија и имаат мала самодоверба. Тие имаат потреба постојано да ги фалите и да им се восхитувате.
Прифатете ги нивните ограничувања.
Ако некој од вашето семејство, па дури и вашиот сопруг или партнер е нарцис, мора да ги прифатите нивните ограничувања. Не очекувајте каква било поддршка и внимание од нив, бидејќи тие навистина не можат да ви ги дадат овие работи. Ова ќе ви помогне да бидете помалку фрустрирани и разочарани.
Обидете се да слушате повеќе и внимателно.
Нарцисите обично сакаат да слушаат повеќе пофалби и комплименти, но кога зборуваат обидете се да не ги прекинувате, бидејќи може да ги натера да се чувствуваат како да не сте заинтересирани за нивните чувства.
Никогаш не ги предизвикувајте.
Овие луѓе имаат ниска толеранција и многу лесно се лутат и стануваат агресивни. Значи, за да избегнете непријатна ситуација не треба да ги предизвикувате и да им противречите на нивните мислења и желби.
Вашите пофалби и восхитувања нека бидат искрени.
Не ги лажете само затоа што знаете дека сакаат да слушнат нешто. Тоа може да ја зголеми вашата вознемиреност и фрустрација кон нив. Пофалете ги само кога навистина сакате и го мислите тоа.
Крај