Како да се справите со соседите кои ве полудуваат?
Можете да ги изберете вашите пријатели, но не секогаш можете да ги изберете соседите!
Кога сте избирале совршен дом, можеби сте се грижеле за дрвените подови, големината и распоредот на собите или плочките во тоалетите. Но, она на што не сте помислиле а што доаѓа како подарок со секоја куќа или стан и е невозможно да се промени се вашите соседи. Па тука сте во добро и во лошо, заглавени со нив!
Еве пет соседски кошмари што можеби веќе добро ви се познати и неколку идеи за тоа како да се справите со нивните чуда.
1. Совршено семејство
Не е важно дали тие го чистат мразот од автомобилот во 7 часот наутро или се враќаат дома од попладневна прошетка – секогаш изгледаат совршено! А такви се секако и нивните деца. Но, зошто тоа толку многу ни пречи? Едноставно, ни пречи!
Како да се справите: Запомнете дека нивното совршенство не е референдум за вашата несовршеност. Сепак, ако постојано се споредувате со Чудесното Семејство, можете да ги користите како инспирација за да започнете јога или планинарење, нешто што одамна го сакате, но едноставно не можете да најдете време за тоа. Исто така, имајте на ум дека животот на луѓето не секогаш е таков како што изгледа однадвор.
2. Луди за празници
Не само оваа година, туку…секоја година и за секој празник! Не само што изгледа дека работилницата на Дедо Мраз се преселила во нивниот двор секој декември, туку истото важи и за Велигден, Денот на вљубените, нивните родендени и всушност за сите календарски празници и неработни денови.
Како да се справите: Само насмевнете се и издржете! Иако вкусот на вашите соседи не може да се совпадне со вашата суптилна естетика, обидете се на тоа да гледате со детски очи. Тоа е како да одите во луна парк или на панаѓур секоја недела бесплатно!
3. Љубопитни озборувачи
Тие знаат сѐ за секого – вклучувајќи ве и вас и вашето семејство – и сакаат да разговараат за тоа со секој што може да слуша, всушност со секој што има уши.
Како да се справите: Ограничете ги разговорите со нив само на најбаналните теми – времето, фудбалот, потрошувачката на гориво на вашиот нов автомобил… Ако започнат да ве прашуваат нешто за вашиот живот или почнат да ви ги кажуваат најновите озборувања, само насмевнете се кажете им дека не сакате да разговарате за тоа, а потоа одглумете дека имате итен телефонски повик и со трчање бегајте дома.
4. Гласни соседи
Без разлика дали тие имаат семеен собир, забава или само разговараат еден со друг, ќе го слушнете секој нивни збор, без оглед на времето од денот или ноќта.
Како да се справите: Дневните дрдорковци можат да бидат досадни, но ноќните се оние кои навистина претставуваат голем проблем, бидејќи го прекинуваат спиењето на вашите деца и немате ниту миг мир и тишина. Ако тоа е постојан проблем, тропнете на нивната врата и кажете им на фин начин дека нивните звучници се насочени директно кон прозорецот на детската соба и дека вашите деца не можат да спијат. Ако сѐ уште продолжуваат по старо, повикајте полиција.
5. Позајмувачи
Нема ништо лошо да побарате од соседите чаша шеќер или алатка за градинарство. Но, овие соседи секогаш бараат да позајмат нешто и никогаш не го враќаат позајмениот предмет, освен ако не го побарате назад десетина пати.
Како да се справите: Секогаш кога ви бараат нешто, прашајте ги колку долго ќе им треба и кажете им кој ден и во колку часот ќе одите за да го земете назад позајмениот предмет.
Крај