Како да спасите живот: Техника која морате да ја научите
Без разлика дали живеете сами или не, знаејќи како да му помогнете на некој што се гуши со храна е прилично важна способност за спасување живот. Се разбира, најдобар начин да научите како да давате прва помош е со обука од стручни лица, но ние во овој текст ви ги прикажуваме основите кои треба да ги знаете.
Во суштина, кога парче храна ќе се заглави во грлото го блокира воздухот и тој не може да стигне до белите дробови. Без кислород вашиот мозок не може да функционира и по неколку минути без воздух, ќе умрете.
Значи, ако вие или некој во ваша близина започне да се гуши, треба брзо да дејствувате! Бидејќи времето е навистина клучно, треба да се обидете сами да помогнете пред да повикате брза помош. Но, ако има и некој друг со вас секако замолете го да се јави веднаш.
Всушност постојат неколку различни техники за да му помогнете на некој што се гуши, но најпознат е Хајмлиховиот зафат, именуван по неговиот изумител.
Во прилог прочитајте ги основните чекори за маневрирање со овој зафат:
- Пред да се претворите во херој, сепак прашајте ја личноста дали навистина се гуши. Ако го добиете универзалниот сигнал со рацете околу вратот или некоја друга потврда дека е во неволја, реагирајте веднаш!
- Застанете зад лицето кое се гуши и завиткајте ги вашите раце околу неговата половина.
- Eдната рака стегнете ја во тупаница а со другата најдете го делот веднаш над папокот, за да знаете каде точно да ја поставите тупаницата.
- Притиснете со тупаницата силно во стомакот и поместувајте ја нагоре-надолу.
- Повторете го ова уште четири пати или вкупно пет пати. Ако лицето сеуште се гуши, повторете го истото уште пет пати. Ако вашиот пациент ја изгуби свеста, преминете на давање прва помош.
Доколку пак, личноста на која треба да и помогнете е бремена чекорите во основа се истите, со една разлика: наместо да давате “абдоменални удари”, ќе треба да извршите “граден удар”, односно да ги поставите рацете веднаш под градниот кош.
Крај