5 начини да спиете подобро за време на топлите летни ноќи
Сите го сакаме летото заради топлите денови поминати на плажа, коктелите и лесната облека. Но, не го сакаме поради неговата неверојатна способност да го спречи секој наш обид за удобно спиење. Испотената постелнина и кожата која се лепи, навистина го отежнуваат заспивањето во пеколните летни ноќи.
Еве неколку начини кои ќе ви помогнат мирно да спиете и покрај високите температури:
Истуширајте се веднаш пред спиење
Дали нешто може да се спореди со чистото и пријатно чувство кога ќе легнете во креветот веднаш по туширањето? Студениот туш пред спиење ја намалува вашата телесна температура, што ќе ви помогне побрзо и полесно да заспиете.
Чувајте ги ролетните спуштени во текот на денот
Кога ќе се разбудите, треба да и дозволите на сончевата светлината да влезе во вашата спалната соба, бидејќи таа му помага на телото да произведува витамин Д и ги зголемува нивоата на серотонин, што може да го подобри вашето расположение. Но, откако ќе се подготвите, веднаш затемнете ја собата. Со тоа што ќе спречите сончевите зраци да влегуваат во вашата соба, ќе ја задржите температурата пониска и вашата ноќна рутина ќе биде многу поудобна.
Земете свилена навлака за перница
Свилата е природен температурен регулатор, таа е далеку понежна за вашата коса и може да ја заштити нежната кожа на лицето на долг рок.
Ставете ја навлаката за перница во замрзнувачот
Овој трик ќе ве спаси од постојаното превртување на перницата во потра по поладната страна. 15 до 30 минути пред спиење, ставете ги навлаките во кеса и во замрзнувачот. Студеното чувство веројатно нема да трае цела ноќ, но ќе биде доволно да ви помогне побрзо да заспиете.
Сменете ја тешката прекривка со нешто лесно
Изберете тенка прекривка од 100% памук. Тој е доволно лесен за да ве олади и доволно мек за да ви биде удобно.
Крај