Како да заштедите гориво за вашиот автомобил
Цената на горивото постојано варира и понекогаш е дури и повисока од цената на златото. Како и да е, и покрај високата цена вашиот автомобил дефинитивно има потреба за дел од ова течно злато.
Најдобар начин за да добиете оптимална ефикасност од вашиот автомобил е да го одржувате редовно, козметички и механички. Во овој прилог би сакале да ви дадеме неколку совети за да ви помогнеме во оваа благородна цел.
- Проверувајте го маслото во моторот и редовно менувајте го моторното масло, маслото во менувачот, маслото во серво-управувачот итн. Квалитетното масло овозможува моторот да работи беспрекорно, со што се намалува триењето и се минимизира загубата на ефикасност.
- Редовно сервисирајте го моторот, а доколку забележите пад во ефикасноста задолжително однесете го и на вонреден сервис. Нередовно сервисиран мотор троши 50% повеќе гориво!
- Свеќиците покажуваат како работи моторот на вашиот автомобил: ако се чисти – моторот работи оптимално, ако се замастени – треба да го проверите дотокот на гориво бидејќи горивото не согорува целосно, а ако се кафеави – тогаш е време да ги замените со нови и да проверите како работи моторот.
- Редовно проверувајте го воздушниот притисок во гумите. Недоволно напумпаните гуми ја зголемуваат потрошувачката на гориво за повеќе од 5%.
- Одржувајте го вашиот автомобил чист секојдневно, бидејќи тоа влијае на неговата аеродинамика.
- Иако многумина мислат дека е исправно, сепак нека ви биде навика да не ја чувате постојано ногата на педалата за куплунгот додека возите. Нежно притиснатата педала за куплунг го оштетува куплунгот побрзо и ја намалува неговата ефикасност.
- Ако сте на семафор или ако стоите со возилото повеќе од 30 секунди, веднаш исклучете го моторот. Така ќе заштедите дури до 10% гориво во градски сообраќај.
- Во жешките денови, кога е можно, не го вклучувајте клима уредот при помали брзини, бидејќи значително ја намалува силата на моторот и ја зголемува потрошувачката на гориво.
- Дополнувајте гориво рано наутро кога температурите се пониски. На тој начин добивате повеќе, бидејки испарувањето на горивото е помало при пониски температури.
- Возете го автомобилот оптимално. Менувајте ги брзините навремено. Не возете го автомобилот на високи вртежи на понизок степен на менувачот, ниту на ниски вртежи на моторот на повисок степен на менувачот. За ентузијастите одржување на вртежниот момент помеѓу 1500 до 2200 вртежи во минута овозможува оптимална економичност во возењето, без значително да влијае на брзината и возбудата во возењето.
- Како и во животот, планирајте однапред додека возите. При запирање на патарина, на некој стоп знак или слично подобро е постепено да ја намалувате брзината пред да застанете, отколку да забрзувате, а потоа нагло да закочите со возилото. Користете ги кочниците што е можно помалку и сведете го менувањето на брзините на минимум, планирајќи ги однапред вашите маневри на патот. На тој начин, возењето ќе биде глатко, а не напрегнато и вашето возило ќе биде најефикасно.
- При брзина на движење над 100 км/час, отпорот на воздухот е два пати поголем отколку при движење со брзина помала од 100 км/час. Вашиот автомобил во тој случај согорува многу повеќе гориво дури и при одржување на константна брзина. Затоа постојано внимавајте на брзината со која се движите. Шансите за преживување на сообраќајна несреќа се многу поголеми при движење со брзина помала од 100 км/час.
Доколку ги следите овие наши мали совети, на долг рок сигурно ќе забележите дека перформансите на вашиот автомобил се многу подобри. Пробајте и пишете ни доколку ја почувствувате разликата.
Крај