Како до појак имунитет кај децата: Природен пат во борбата против инфекциите
Што е имунитет и зошто е важен?
Во секојдневното опкружување децата се постојано во контакт со бактерии, вируси и хемикалии. Изложени се на зрачења и загадувања од различна природа. За да се справат со нив и да имаат добро здравје, од најголемо значење е нивната способност да се одбранат од штетните влијанија. Оваа примарна задача за одбрана на детскиот организам ја извршува имунолошкиот систем. Физиолошката функција на имунолошкиот систем е да ги спречи инфекциите и да ги елиминира постоечките инфекции.
Зачестените инфекции се знак за ослабен имунолошки систем
Детските болести се дел од растењето и е тешко да се избегнат. Во најчести болести на детството спаѓаат инфекциите на дишните патишта од кои се разболуваат повеќе од 20% од децата на возраст до 6 години. Овие инфекции најчесто се јавуваат кај новороденчињата на возраст од 6 до 12 месеци, бидејќи во овој период тие ги потрошиле антителата кои ги добиле од мајката пред раѓање, а сѐуште немаат потполно развиено свои антитела. Потоа друга осетлива група се децата кои одат во градинка и училиште поради големата изложеност на разни заразни болести. До петтата година децата најчесто се разболуваат од вирусни инфекции, а потоа откако ќе тргнат на училиште преовладуваат бактериските инфекции.
Како да го зајакнеме имунитетот на децата?
Важен предуслов за одржување на имунитетот е долгиот престој на чист воздух, спортски активности, внесување на храна богата со витамини и минерали како цинк, железо, витамини A, B, C и Е, квалитетен и доволно долг сон.
Освен со правилна исхрана, физичка активност и квалитетен сон, детскиот имунитет може да се зајакне и со консумирање додатоци на исхраната, во вид на витамини, минерали како и бета глукан – јак природен имуномодулатор.
Зошто баш бета-глукан за имунитет?
Бидејќи се работи за состојка која веќе десеттина години интензивно се испитува. Повеќето истражувања го докажале неговото силно позитивно влијание врз имунолошкиот состав. Особено е важно да се истакне дека бета-глуканот е природна состојка која човековиот организам добро ја прифаќа и затоа може значително да го зајакне имунитетот за неколку пати повеќе.
Обрнете внимание на видот и потеклото на бета-глуканот. Најинтензивно дејство врз имунолошкиот состав има бета-(1,3/1,6)-D-глукан. Токму таа 1,3/1,6 врска е особено важна, бидејќи другите облици немаат влијание врз имунитетот, туку врз регулирањето на холестеролот и шеќерот во крвта. Понатаму, бета-глуканот изолиран од квасец (Saccharomyces cerevisiae) има значително посилно влијание врз имунитетот во споредба со бета-глуканот изолиран од разни габи.
Дали конзумирањето на бета-глукан има несакани ефекти?
Континуираната примена на бета-глуканот е сигурна. FDA (америчката агенција за храна и лекови), врз основа на разни испитувања, го класифицира бета-глуканот како сосема безопасна биолошки активна супстанција, бидејќи нема податоци за несакани ефекти во комбинација со лекови или лековити растенија. За разлика од некои други имунолошки препарати, не предизвикува несакани ефекти, нити доаѓа до негово наталожување во организмот. Затоа бета-глуканот може да се конзумира во континуитет, без прекин.
Бета-глуканот на BIOVITALIS со голема доза на бета-(1,3/1,6)-D-глукан, изолиран од квасец, содржи витамин Ц и цинк. Се применува кај децата од нивната прва година живот. Се користи еднаш дневно,во било кој дел од денот, а поради пријатниот овошен вкус децата без проблем ќе го конзумираат секојдневно. Пред употреба консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт!
Во соработка со Галев 2002 – главен застапник на BIOVITALIS за Македонија.
Крај