Како е да си мајка низ смешни илустрации
Некои велат дека да се биде претседател е најтешката работа на светот – но тие се или мажи или сѐ уште немаат деца!
Натали Јомар, француски уметник секако не се согласува со ова. Според неа нема ништо потешко од чување на дете и за да го докаже тоа, таа создаде разиграни и искрени илустрации.
Од огромни промени на телото до неможноста мирно да отиде во бањата, Натали вклучи многу тешкотии со коишто жените се соочуваат низ различните фази на мајчинството и тоа е вистинско будење за секој што ги потценува мајките.
Па, погледнете ги сликите и известете не во коментари дали се согласувате дека мајчинството е најодговорната “работа” и во кои од нив најмногу се пронаоѓате.
1. Првиот пат кога доите е незаборавен!
2. Немате мир и приватност дури и кога сте во тоалетот.
3. Повеќе ништо не ве собира.
4. Се обидувате да се однесувате најнормално кога…
5. Кога советите од пријателките и од книгите не помагаат, наоѓате сопствен начин за да се справите со ситуацијата.
6. Интимноста со вашиот партнер станува исклучок, а не правило.
7. Ах, тие слатки утра во викенд кога вашето дете е будно уште во 5 часот…
8. Ниту во најлудите соништа, не помислувавте дека едно дете може да направи тооолку голем неред.
9. Честитки! Вие станавте професионален жонглер и сега можете да носите и 100 работи одеднаш.
10. Не лажете се – никој не може да ве подготви за моментот кога за прв пат ќе облечете бикини после раѓањето дете.
11. А кога сме кај плажата, најважно е да го заштитите детето од сонцето.
12. Хранењето… тука не е потребен дополнителен кометар.
13. Задача за 1.000.000 денари: обидете се да ги допрете вашите стапала.
14. Мултитаскингот како една од најважните способности во секое CV, ќе ја доведете до перфекција.
15. Обидете се да работите, додека сте преморени од сите дополнителни обврски околу детето. Рековме обидете се… не значи дека ќе успеете.
16. Барате одговор во сите можни книги.
17. Сметајте дека секогаш ќе ги наоѓате вашите драги предмети на најнеочекуваните места.
18. Се чувствувате како балон… постојано!
19. Првиот пат пред да ги промените пелените ќе ги прочитате сите книги за полесно да го направите тоа. Па, со среќа!
Извор: boredpanda
Крај