Начини на кои ги разгалувате децата без да бидете свесни за тоа
До сега веројатно ни е јасно дека купувањето на скапа и брендирана облека (која ќе ја носат само неколку месеци), купувањето на мини BMW или Porsche – ги разгалува децата! Но всушност преголема помош околу домашните задачи или извршување на сите нивни бескрајни побарувања е полошо од слатки и од шопинг.
Во прилог прочитајте неколку работи кои можеби и несвесно ги правите, а со кои им давате до знаење на вашите деца дека некој постојано ќе го прави тоа за нив:
Потребна е само една нивна солза за да им го зготвите тоа што го сакаат
Сигурно ви доаѓа да вриштите кога оброкот кој го подготвивте со толку љубов и внимание (и покрај сите обврски) ќе го најдете расфрлан на подот, само затоа што на вашето дете не му се допаднал или затоа што сака да јаде нешто друго. Не дозволувајте повторно да готвите нешто по нивна желба, ако не сакате ова повторно да се повтори и вашите деца да мислат дека секогаш некој ќе им угодува. Ако победат нивните солзи, немате право да се жалите – веќе бевте предупредени.
Ги облекувате и кога се доволно возрасни самите да го прават тоа
Експертите советуваат дека децата од четиригодишна возраст се способни сами да се облекуваат и да ги мијат забите – со надзор, секако!
Правите сѐ место нив
Поттикнете ги децата да научат сами да извршуваат едноставни задачи како: да ја фатат чинијата и приборот откако ќе се најадат или да ги расфатат расфрлените лего коцки со кои играле. Со ова всушност вие им обезбедувате суштински вештини за справување и зајакнување на нивната работна етика.
Премногу им помагате со домашните задачи
Воздржете се од тоа постојано да им помагате и да им поткажувате кога ги пишуваат домашните задачи. Истражувачите од Harvard University откриле дека родителската помош со домашните задачи всушност може да донесе полоши резултати на тестовите – иако мислите дека им помагате, тоа всушност има негативен ефект.
Паничите кога ќе паднат
Не е во ред да кажете ‘‘не ти е ништо‘‘ кога детето ќе падне со лицето директно на асфалт, но децата гледаат како вие реагирате после некоја мала незгода – па паничење и изливи на сочувствителност секако не се добра опција. Затоа следниот пак кога ќе се случи нешто обидете се да му ја доловите реалноста кажувајќи нешто како: ‘‘Упс, падна? Тоа сигурно беше страшно‘‘…
Дозволувате да ве манипулираат со плачење и вриштење во јавност
Ах, криза во јавност: најголемата преговарачка алатка во историјата на човештвото. Родителите ќе направат сѐ што треба само за да ги избегнат, а децата инстинктивно го знаат тоа. Така, следниот пат кога детето ќе вреска за да му купите нешто безначајно од аптека или некоја играчка, обидете се да ја истерате бурата во тивок агол (или во вашиот автомобил) наместо да го засилите однесувањето. Ќе биде многу помалку веројатно ова да се повтори.
Ги наградувате со предмети
Примамливо е одредено нивно достигнување или успех да се награди со нова играчка. Но славењето на нивниот успех со вистински, специфични пофалби (“забележав колку тешко си работел”) има многу повеќе придобивки во градењето на нивниот карактер од било која играчка.
Ги надгледувате и не се одделувате ниту минута од нив
Да, се разбира дека треба постојано да комуницирате со вашето дете – нивниот јазик и социјалниот развој зависат од тоа. Но како што децата растат, охрабрувајте ги да поминат 15-тина минути сами. Тоа кај нив ќе ја поттикне креативноста, критичното размислување и самодовербата.
Крај