Килограмите во бременоста не се така лоши како што мислите
Мајки, не се нервирајте околу наглото зголемување на килограмите за време на бременоста!
Иако можеби сте во поодмината бременост каде што секој може тоа да го забележи, коментарите од пријателите или соседите дека сте голема колку куќа, навистина прават да се чувствувате лошо. Секако, очекувавте дека килограмите ќе се зголемат, но можеби не сте биле подготвени за реалноста на бременото тело кое гледа во вас назад од огледалото. Нормално е да се изненадите од вашата тежината и изгледот на вашето тело во бременоста.
Иако тежината се зголемува брзо, особено во текот на последните два триместри, овие килограми можат да бидат позитивно искуство. Еве пет причини зошто тежината во бременоста не е толку лоша колку што мислите.
Тоа е важно за бебето.
На бебето кое расте секојдневно, му се потребни тие килограми за да го поддржат неговиот развој и за тоа да може да расте големо и силно. Жените кои немаат доволно тежина за време на бременоста имаат поголем ризик од предвремено раѓање или од раѓање на бебе со ниска родилна тежина. Ова може да предизвика здравствени проблеми кај бебето, вклучувајќи ги и дишењето, срцето и дигестивни проблеми при раѓањето или подоцна во животот.
Можете да ги обвинувате хормоните.
Кога сте бремени, вашите хормони прават одредена храна да има неверојатен вкус, а вашето тело се трансформира во режим на складирање, праќајќи ги сите дополнителни калории во складиштата на маснотии кои подоцна треба да се користат за исхрана на бебето.
Вашите гради изгледаат фантастично.
Како што хормоните за бременост се зголемуваат, исто така се зголемува и големината на градите поради зголемените течности, отекувањето на ткивото и раното производство на млеко.
Големиот задник нема засекогаш да се зголеми.
Знаејќи дека менувањето на телото во бременоста нема да трае вечно може да ви помогне малку да се релаксирате и можеби да ги сакате вашите облини во бременоста.
Можете брзо да ги изгубите тие килограми.
Истиот момент кога го раѓате бебето, губите и голем дел од килограмите. Доколку не сте добиле премногу килограми за време на бременоста, правилната и умерена исхрана ќе ви помогне да ја изгубите преостанатата тежина релативно брзо.
Крај