Направете сами: уникатни клупи за вашиот двор или тераса
Што ве спречува да направите клупа која ќе одговара на амбиентот на вашиот двор или градина? Во прилог ви даваме неколку идеи и сѐ што ви е потребно е малку време и креативност.
1. Направете клупа од стар кревет
Сите ние имаме по некој стар неупотреблив кревет, кој само ни зазема простор во домот. Сега можете повторно да го направите употреблив (или барем еден дел од него) и да го трансформирате во уникатна клупа која можете да ја поставите пред влезот, во ходникот или на тераса.
2. Обојте ги палетите
Дрвените палети се навистина непресушен извор на инспирација кога станува збор за проектите ”направи сам”. Ова е пример како од ништо можете да направите нешто!
3. Искористете ги бетонските блокови
Оваа клупа е толку едноставна за правење, што секој може да ја направи. Само обојте ги бетонските блокови и нарачајте штици со иста димензија. И готова е! Можете да додадете саксии со цвеќе и декоративни перничиња и ќе добиете убаво катче за одмор.
Извори: ehow, hunker
Крај