На која возраст треба да се остави цуцлата?
Цуцлата е првата љубов на вашето дете и да го одделите од неа може да биде многу тешко.
Ако ги прашате пријателките кога треба да се тргне цуцлата, ќе слушнете различни одговори: некои ќе ви кажат дека цуцлата воопшто не е за детето туку всушност за родителите, други ќе ви кажат да ја оставите додека детето само не ја отфрли, а трети дека треба веднаш да ја тргнете штом детето наполни 2 години.
Експертите се согласуваат дека цуцлите се целосно соодветни за смирување на бебето. Бебињата се раѓаат со вродена потреба да цицаат. Малите бебиња немаат друг механизам за контрола на нивното незадоволство. Тие не можат да пијат, не можат да побараат ќебе или да ги користат рацете за да ги контролираат нештата – цицањето е единствениот начин да се смират.
Ако не им дадете цуцла тие ќе го цицаат палецот, прстите, шише или града. Ако бебето има потреба да цица повеќе од секои два часа, тогаш тоа ја користи мама како цуцла. Во такви случаи, цуцлата може да помогне да се задоволат потребите на бебињата од ненутритивно цицање, додека на мајката и ја даваат потребната пауза.
Кога да се тргне цуцлата?
Експертите не се едногласни по ова прашање. Психолозите за развој препорачуваат да се прекине со цуцлата до 1 година. На таа возраст, детските развојни потреби не вклучуваат цицање. Педијатрите велат дека цуцлата е последното нешто од што детето треба да се одвикне. Откако детето ќе научи да користи нокшир, можете да се посветите на одвикнување од цуцлата. Сепак, детските стоматолози препорачуваат да се ограничи цуцлата кога детето ќе наполни 2 години, а целосно да се елиминира до 4 години за да се избегнат проблеми со забите. Употребата на цуцла после 4-тата година, може да предизвика проблеми со џвакањето, говорот и изгледот.
Без оглед на времето и методот што ќе го одберете, бидете подготвени на 1-5 ноќи плачење и што и да правите не им ја давајте цуцлата.
Крај