Во кои недели од бременоста е најбезбедно да се патува?
Планирате да одите на одмор за време на бременоста?
Освен ако немате компликации во бременоста или историја на предвремено породување, патувањето во текот на бременоста е сосема безбедно. Но, најважно е во кој период патувате.
Иако патувањето во првиот триместар е безбедно за здравјето на вашето бебе, утринските мачнини и заморот можат да го направат непријатно за вас. Можеби најбезболен период е помеѓу 14 и 28 недела, кога тие симптоми се веќе минато, а ризикот од спонтан абортус е драстично намален.
Иако лекарите велат дека е во ред да се патува и по 30-тата недела, сепак подобро е да не го правите тоа особено не по 36-тата недела во случај вашето малечко да одлучи порано да дојде на свет. Ако неодложно морате да патувате или летате во поодмината бременост, проверете ја политиката на авиокомпанијата за да дознаете дали ќе ви треба одобрување од вашиот лекар.
Патување со авион:
Откако ќе полетате, има неколку работи што можете да ги направите за да си го олесните патувањето: носете широка и удобна облека, консумирајте многу вода и движете се за време на летот, бидејќи бременоста ги зголемува шансите за развој на потенцијално опасното згрутчување на крвта.
Патување со автомобил:
Што се однесува до патувањето со автомобил, повеќето лекари препорачуваат ограничување на времето за возење до шест часа на ден за да се одржи здрав проток на крв. Исто така се препорачува да патувате со придружник и да носите доволно вода и храна. Редовно застанувајте на местата за одмор (како бензиски пумпи) за да се раздвижите и секако не заборавајте да го ставите сигурносниот појас, без разлика колку ви е непријатно со него.
Пред да започнете да планирате патување за време на бременоста, консултирајте се со вашиот лекар, бидејќи тој најдобро знае дали можете да патувате и кога е тоа најбезбедно за вас и за вашето бебе.
Крај