Нема да верувате кога легнуваат да спијат децата во Италија!
Кога станува збор за родителството, има неколку триумфи кои сите родители сакаат да ги постигнат, а еден од нив е да им помогнат да децата да стекнат навика за спиење во текот на ноќта. Секој знае дека клучно за здраво и одморено семејство е добриот ноќен сон и е од особена важност децата рано да легнуваат да спијат.
Но, во Италија не само што децата немаат определено време за легнување, туку и ако ги прашате родителите кога си легнуваат нивните деца, ќе ве погледнат зачудено.
Ако влезете во било кој ресторан во Рим, од најобичен па се до најелитните во 10 часот навечер, сигурно ќе најдете деца кои јадат и разговараат на масата со возрасните. Околу 11 часот, некои од нив веќе се заспани на масата, додека родителите продолжуваат да пијат и да се забавуваат. Тука не станува збор само за оние родители кои не мораат да работат и да стануваат рано, туку за сите!
Бидејќи италијанските семејства имаат навика да јадат доцна, децата легнуваат да спијат уште подоцна. Ако живеете во Италија, не бидете зачудени што детските роденденски забави завршуваат околу полноќ, дури и во работен ден.
Па, можеби се прашувате како е возможно децата да легнат да спијат после 10 часот навечер и да бидат доволно одморени за следното утро да одат на училиште. Како ги добиваат препорачаните 9 до 11 часа сон кои им се потребни на учениците? – Не ги добиваат!
Извор: purewow
Крај