Еве која храна не смеете да му ја давате на вашето куче
Многу луѓе и покрај предупредувањата од ветеринарите, на своите кучиња им ја даваат истата храна која што и тие самите ја јадат. Меѓутоа, таквата прехрана може штетно да делува врз здравјето на куќните миленици.
Во неодамнешното истражување е откриено дека ксилитолот, кој обично го има во гумите за џвакање и путерот од кикирики, може да им наштети на кучињата многу повеќе отколку чоколадото. Ксилитол или брезов шеќер е кристализиран јаглехидрат. Често се користи како замена за обичниот шеќер бидејќи не го зголемува нивото на шеќер во крвта.
Според експертите др. Goldstein и др. Edwards постои храна која не смееме да им ја даваме на кучињата бидејќи од неа можат дури и да го загубат животот.
Еве која храна кучињата не смеат да ја јадат:
- Коски и срцевина од јаболко. Тие можат да предизвикаат ширење на зениците, потешкотии во дишењето, состојба на шок и смрт.
- Кокос и кокосово масло. Може да предизвика дијареа.
- Авокадо. Авокадото содржи персин, токсична состојка која може да предизвика повраќање и дијареа.
- Свежо и суво грозје. Може да предизвика нарушување во работата на бубрезите.
- Црвен кромид. Ако се користи подолго време, може да предизвика анемија.
- Лук. Исто така предизвикува анемија и го нарушува системот за варење.
- Свежо или недоволно варено месо и коски. Месото во таков облик може да содржи бактерии како што се Salmonela и E. Coli. Коските можат да го пробијат или да го затнат дигестивниот тракт.
- Камилица. Таа може да предизвика дијареа, повраќање и дерматитис.
- Сол и солени грицки. Тие предизвикуваат претерана жед, повраќање, дијареа, депресија или напади.
- Дршки, листови и коски од цреши. Тие содржат цијанид кој може да предизвика потешкотии во дишењето, шок па дури и смрт.
- Бадеми, ореви и лешници. Тие предизвикуваат повраќање и дијареа поради големите количини маснотии што ги содржат.
- Цитрусни овошја. Дури и малите количини можат да предизвикуваат болки во дигестивниот систем.
- Чоколадо. Тоа може да доведе до повраќање и дијареа, силна жед, забрзана работа на срцето, напади и смрт.
- Кафе и кофеин. Можат да предизвикаат исти проблеми како и чоколадото.
- Свежи јајца. Тие можат да предизвикаат кожни проблеми. Опасни се поради бактерии.
- Алкохол. Ако на кучето му дадете алкохол, тој може да предизвика дијареа, повраќање, депресија, потешкотии со дишењето, кома и на крај смрт.
Извор: geek.hr
Крај