Која телесна температура се смета за нормална
Не постои дефинирана вредност за нормална телесна температура, бидејќи таа е нешто повисока кај жените отколку кај мажите, повисока е и кај децата отколку кај возрасните, а најниска е наутро. Жените исто така, имаат повисока телесна температура за време на бременост и за време на овулација.
Со истражувањето спроведено според 11.458 температурни листи од една болница во Америка, утврдено е дека температурата од 37,2 °C наутро не е нормална, иако може да биде потполно прифатлива во 16 часот. Експертите со ова истражување заклучиле дека нормалната температура кај возрасните во текот на денот е 37.2 °C, а треската во просек започнува кога температурата ќе ја премине оваа вредност.
Телесната температура треба да се следи флексибилно во контекст на старосната возраст, пол, период од денот, а горниот праг на “нормалната” температура изнесува 37.7 °C.
Извор: novosti.rs
Крај