Колачи со путер од кикиритки (без брашно)
За разлика од другите рецепти за колачи, тука сите состојки се ставаат и се мешаат заедно, а поради содржината на масти во путерот од кикиритки, тестото може да се обликува без мака и нема да се залепи за вашите прсти.
Состојки:
1 чаша путер од кикиритки
1 чаша шеќер
1 јајце
1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Измешајте ги заедно состојките додека не се соединат и од тестото обликувајте мали топчиња (околу 25). Топчињата поставете ги на плех обложен со хартија за печење и оставете малку простор пемѓу нив. Секое топче притиснете го со вилушка. Печете ги на 180 тепени, 15 минути или додека не добијат златно кафеава боја.
Извор: popsugar
Крај