Колку често треба да се пере градникот?
Сите ние сме веројатно виновни дека не ги переме доволно често. Еден експерт споделува совети за најдобриот метод за чистење на градниците, како и колку градници треба да поседува една жена. Станува збор за повеќе од хигиена, бидејќи правилната грижа може да ја зголеми долговечноста на градникот, со што се подобрува и положбата на таа што го носи.
Колку често треба да го перете вашиот градник?
Градникот треба да се пере после секое второ носење или до трето, максимум. Главната причина за да го правите ова е за да ја задржите формата и цврстината на градникот колку што е можно подолго. Кога носите градник 10 до 12 часа дневно, тој не само што ги собира маслата од вашата кожа и дезодорансите, туку се намалува еластичноста и со тоа градникот ја губи својата форма.
Кој е најдобриот начин за перење на градникот?
Има само еден начин за перење на градникот: рачно перење. За разлика од другата облека, градниците содржат 35 до 40 парчиња, како и метал, кои можат да влијаат на машината за перење. Користете течен детергент за нежни ткаенини и едноставно перете го рачно 3-4 минути.
Колку градници навистина ни се потребни?
На секоја жена и се доволни 4 градници годишно, при што секој ќе го носи 90 до 100 пати. Особено е важно градниците да не се носат повеќе од 3 дена и наизменично да се менуваат, овозможувајќи му на секој градник да ја обнови својата форма и еластичност.
Крај