Колку долго треба да бидете во врска пред да стапите во брак?
Ја запознавте личноста со која сакате да го поминете остатокот од животот? Но, без разлика дали сте заедно два месеци или две години, сигурно се прашувате кога е “вистинското” време за да стапите во брак.
Истражувачите на Емори Универзитетот анкетирале повеќе од 3.000 луѓе и утврдиле дека врската која трае од една до две години значително ја намалува веројатноста за развод за околу 20%. Врската од три или повеќе години ја намалува веројатноста за развод за околу 50%.
Но, овие временски рамки не се однесуваат на сите подеднакво. Ако двојката се запознала и започнала врска во 20-тите години, таа нема да биде иста како онаа започната во 30-тите и секако ќе биде многу поразлична од врската во 40-тите години. Исто така, некои парови ја започнуваат врската како непознати, додека други се пријатели со години.
Наместо да поставувате тајмер, одговорете ги следниве прашања за да оцените дали сте подготвени за следниот чекор:
Дали го гледате бракот како нов почеток кој ќе ги ви ги среди односите? – Магичната свадба не може да промени нестабилна и нездрава врска. Вашата врска треба да биде цврста, пред да помислите да ставите прстен.
Дали се познавате доволно добро? – Дали знаете на пример, како вашиот партнер размислува и ги вреднува парите? Како тој или таа ќе биде како родител? Клучно е да ги имате овие разговори пред да почнете да размислувате за брак.
Колку мислите дека ќе бидете среќни? – Неодамнешните истражувања покажуваат дека ако очекувањата за среќа и задоволство во бракот се големи, партнерите ќе се трудат максимално да ги исполнат тие очекувања и да и бидат посветени на врската, а тоа посепено ќе влијае на намалување на веројатноста за развод.
Крај