Колку храна им е потребна на децата од 1 година? – Предлог дневно мени
Кога станува збор за исхраната на децата од 1 година, родителите се соочуваат со многу прашања и дилеми: Дали правилно го хранам моето дете? Дали му давам премногу или премалку храна? Колку треба да јаде дневно?
Препораката на педијатрите е децата од 1 година да внесуваат околу 900 калории дневно, консумирајќи разновидна храна.
Еве што би требало да вклучува дневното мени:
1 чаша овошје
3/4 чаша зеленчук
45 грама зрна
2 чаши млечни производи
40 грама протеини
Бидејќи потребите од масти кај децата на возраст од 1 година се високи, во ред е да се зголеми количината на масти во оброците при нивната подготовка со додавање неколку кафени лажички здрава масла или мрсна храна (на пример: маслиново масло, мајонез или авокадо) .
Пример за дневно мени за дете од 1 година:
Појадок
1/2 чаша млеко
1/2 чаша житарки
1 мала банана (изгмечена)
Ручек
1/2 чаша јогурт
1/2 чаша јагоди
Ужина:
Салата со јајце (1 тврдо варено јајце, 1/4 чаша ситно исецкан целер, 1 кафена лажичка мајонез)
1 парче леб
Вечера:
1/2 чаша макарони подготвени со 20-25 грама сирење или кашкавал
1/2 чаша варена брокула (ситно сецкана)
1 тенко парче мисиркини гради (ситно сецкано)
1/2 чаша млеко
Крај