Колку редовно ги чистите работите околу Вас?
Како на пример пешкирите…и вашите омилени фармерки…и вашето куче…
Кога последно сте ги чистеле (ги исчистивте) вашите прекривачи? Минатата недела? Минатиот месец? Минатата година? Ако треба да размислите за вашиот одговор повеќе од неколку секунди, веројатно ви е потребен пријателски совет за основна хигиена. Следува еден краток водич за тоа колку често треба да ги чистите работите што ве опкружуваат.
Постелнина: Еднаш неделно
Експертите препорачуваат постелнината да се пере секои седум дена за да се отсранат прашинските грини, микробите и алергените. Користете висока температура (130 до 150 степени) при перење и сушење (доколку користите машина за сушење) за да ги остраните сите бактерии.
Перници: Четири пати годишно
Чистењето на перниците е исто толку важно колку и перењето на постелнината. После неколку месеци можат да се насоберат многу микроби и прашински грини, што кај многу луѓе предизвикуваат симптоми слични на алергија. Па ако кивате и кашлате секое утро кога се будите, тогаш веројатно е време убаво да ги исперете перниците на кои спиете. Или, перете ги при секоја промена на годишното време.
Душеци: Два пати годишно
Научно е докажано дека луѓето спијат подобро доколку душекот на креветот има свеж и чист мирис. Чистете ја површината на душекот со правосмукалка и притоа користете додаток за ткаенини. За отстранување на дамките, користете капка шампон и влажна крпа, при што треба да се третира само местото каде што е дамката. Исто така, можете да користете и специјални навлаки за душеци кои лесно се перат.
Пешкири: После секоја трета до четврта употреба
Машинското перење со врела вода и детергент е клучно за отстранување на микроорганизмите кои ја предизвикуваат непријатната миризба на пешкирите. Исто така, доколку користите машина за сушење изберете повисока температура за уште поефикасна дезинфекција.
Автомобил: Еднаш месечно
Освен ако паркирате надвор, живеете во место каде има премногу магла или прашина, или често врне снег, миењето на вашиот автомобил на неколку недели е можеби пречесто. Експертите препорачуваат комплетно миење и полирање на автомобилот со восок пред почеток на зимската сезона. (Ако не прашувате нас, ние би Ви препорачале “почекај додека да заврне”, за потоа комплетно да го измиете вашиот автомобил).
Компјутери и телефони: Дневно
Дали знаете дека на комјутерите и телефоните кои секојдневно ги користиме се задржуваат десет пати повеќе бактерии отколку во вашиот тоалет? Докажано е дека 30 проценти од вирусите можат да се пренесат преку типкање со прстот на екраните на допир или на тастатурите. После ова сознание, сигурно ќе сакате да ги пребришувате екраните и тастатурите секојдневно (ако не на секој час).
Куче: Еднаш месечно
Иако вашето куче си го сака својот природен мирис, сепак се препорачува да го капете со бебешки шампон или шампон за миленици, еднаш месечно – за доброто на вашите пријатели, семејството или било кој друг со кој тоа редовно се милува.
Градници: После секоја трета до четврта употреба
Освен ако премногу се потите, перењето на вашиот градник после неколку употреби е сосема доволно. Исто така се препорачува секојдневно да ги менувате градниците со кои располагате за да му дадете време на ластикот кој го содржат да се врати во првобитна состојба.
Фармерки: Секој втор месец или почесто
Има различни совети кога се во прашање фармерките – некои предлагаат да се чистат само дамките на фармерките по потреба, иако други препорачуваат воопшто да не се перат, туку едноставно да се стават во замрзувач за да се уништат бактериите. Како и да е, би сакале колку што може подолго, да ја избегнувате машината за перење алишта која би можела да ги истегне вашите омилени “небесно сини” фармерки.
Рерна: Два пати годишно
Освен ако не забележете дебел слој масни наслаги од внатре, тогаш доволно е да воспоставите режим за чистење на рерната два пати годишно. Кога ќе дојде време, извадете ги сите отстранливи делови и добро измијте ги со топла вода и сјај. Потоа испрскајте ја внатрешноста со средство за чистење, оставете да одстои преку ноќ, па пребришете следниот ден.
Теписи и килими: Еднаш годишно
Овде не станува збор за чистење со правосмукалка – кое инаку е потребно да се применува барем еднаш неделно за да се отстрани насобраната прашина, нечистотија и влакна. Овде станува збор за темелно чистење на вашиот тепих со пареа, што е најдобро решение бидејќи шампоните и сапуните за чистење теписи оставаат наслаги кои потоа привлекуваат нечистотија. Па предадете се, ангажирајте професионалец, или изнајмете машина за чистење на пареа и дезинфицирајте го вашиот тепих еднаш годишно.
Машина за садови: Еднаш месечно
Дефинитивно во вашата машина можат да се појават габи доколку нередовно ја чистите. За да ја одржувате чиста, ставете алкохолен оцет и пуштете ја машината празна на полн циклус. Применувајте ја постапката еднаш месечно.
Крај