Секојдневното консумирање сирење и млечни производи е сепак добро
Сирењето и кашкавалот повеќе се сметаат како храна за уживање отколку здрава храна, но новите истражувања укажуваат на тоа дека можеби не се толку лоши за нас како што се мислеше. Всушност, луѓето вклучени во истражувањето кои секојдневно јаделе мала количина на сирење и кашкавал, имале помала веројатност да развијат срцеви заболувања или да имаат мозочен удар, во споредба со оние кои ретко или никогаш не јаделе.
Сирењето, како и другите млечни производи, содржи високо ниво на заситени масти – кое е поврзано со висок холестерол, атеросклероза и зголемен ризик од срцеви заболувања. Но, сирењето исто така содржи потенцијално корисни состојки како калциум, протеини и пробиотици. А исто така содржи и конјугирана линолова киселина (CLA), незаситена масна киселина која може да го зголеми “добриот” холестерол и да ги намали “лошиот”.
Неодамнешните истражувања се секако различни од она што луѓето би можеле да очекуваат: генерално, луѓето кои консумираат сирење и млечни производи имаат 14% помал ризик за развој на коронарна срцева болест и 10% помала веројатност за мозочен удар од оние кои ретко или никогаш не јадат сирење.
Се разбира тоа не значи дека секојдневното консумирање калорични пици со различни видови на сирења и кашкавали или претераното консумирање на овие производи е добро!
Крај