Краставицата е лек!
Краставицата главно се состои од вода (96%), не содржи многу калории, но затоа е вистински извор на витамини и минерали. Краставицата е извор на повеќето витамини и минерали потребни за човечкиот организам, меѓу кои Б1, Б2, Б3, Б6, витамин Ц, фолна киселина, калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк и калиум. Покрај ова, во составот на краставицата се наоѓаат значајни фитонутриенти кои имаат изразени антиоксидативни, антивоспалителни и антиканцерогени својства.
Лековити својства на краставицата
Помага при дијабетес, го намалува холестеролот и го регулира крвниот притисок. Богата е со растителни влакна, калиум и магнезиум, поради што е подеднакво добра и за висок и за низок крвен притисок.
Делува противвоспалително
Го чисти организмот од отпадните материи и ја намалува иритацијата на кожата. Хранливите материи во краставицата делуваат антивоспалително преку елиминација на дејството на ензимите кои предизвикуваат воспаление.
Ублажува болки
Бројни студии покажуваат дека краставицата традиционално се користи за лекување главоболка. Консумирањето навечер може да биде добро средство за да се разбудите освежени и без главоболка. Краставиците ќе ги надополнат електролитите и есенцијалните материи кои телото ги губи во текот на денот.
Ја хидрира кожата
Во козметичките производи, краставицата се има докажано како исклучително добро средство против брчки, дехидратација и како заштитно средство против стареење. Таа има смирувачко и разладувачко дејство врз кожата, го намалува отокот, иритацијата и воспалението на кожата кога се става директно на неа. Парче ладна краставица може да ви помогне да се ослободите од подочниците и надуеноста, бидејќи делува против воспаленијата и го ослободува вишокот вода кој го предизвикува отокот. Кругови краставица може да наредите и на целото лице, со што ќе ја ревитализирате кожата, ослободувајќи ја задржаната вода во клетките.
Ги зајакнува ноктите и косата
Чудесниот минерал силициум диоксид кој се наоѓа во краставицата, ги прави косата и ноктите сјајни и силни. Сулфурот и силициум диоксидот го стимулираат растот на косата.
За здрави коски
Краставицата е добар извор на витамин К, кој е важен за апсорпција на калциумот во коските. Калциумот е важен за здрави коски, а недостатокот го зголемува ризикот од фрактури на самите коски.
Помага за слабеење
Краставиците се нискокалоричен зеленчук, па затоа се одлични кога сакаме да се одржиме во одлична форма. Даваат долготрајно чувство на ситост и се важни за дополнителна хидратација при вежбање.
Го освежува здивот
Краставицата го освежува и здивот. Одлична е за елиминирање на бактериите во устата кои предизвикуваат лош здив.
Го подобрува варењето на храната
Поради високата содржина на вода и растителни влакна во краставицата, таа помага за побрзо и полесно варење на храната, а со тоа и спречува опстипација кај луѓето кои ја консумираат.
Извор: ваш аптекар
Крај