На пазарот се појави кромид од кој нема да плачете!
Во совршен свет, нема да треба да сецкате различни состојки и да приготвувате оброк: тој магично ќе се појави на вашата маса. Да бидеме реални ова нема да се случи во скоро време! Но, кога станува збор за готвењето секако има за што да се радувате, бидејќи сега ќе ви биде многу олеснето.
Убавата вест е дека на пазарот се појави Sunions, првиот благ кромид од кој нема да ви протече ниту една солза. Овој вид на кромид е резултат на три децениски развој и вкрстување. Во моментов се одгледува исклучиво во Невада и Вашингтон и содржи помалку компоненти кои се иритирачки за очите отколку кај обичниот кромид. Овој кромид се сади од исто семе, па нема да има разлика од една до друга главица кога станува збор за вкусот и лутината.
Покрај тоа што ги штеди вашите солзни канали, овој кромид со тек на време станува поблаг за разлика од стандардниот жолт кромид – кој станува полут како што отстојува.
Па, со нетрпение го очекуваме да пристигне и кај нас!
Крај