Листовите од јагода се лек за многу болести!
Освен како вкусно овошје, јагодата уште од антички времиња е позната и како лековита билка.
Во народната медицина чајот од лист од јагода се користи како лек против гастроинтестинални нарушувања, егзема, воспаление на грлото, грип, настинка и болка во коските.
За таа цел, најсоодветни се листовите на шумските јагоди кои се собираат во времето кога цветаат, пред да се развијат мирисните плодови.
Тие исто така можат да помогнат при опоравување после болести, зголемување на имунитетот, болести на жолчката и црниот дроб, како превенција од болести на желудникот, артритис и ревматизам, за третман на анемија, висок холестерол и крвен притисок.
Крај