LittleDot – апликација која ги решава сите здравствени проблеми кај децата без посета на доктор
LittleDot автоматски ја пресметува кривата на растот, индексот на телесна маса или дозата на лекот за намалување на телесната температура, а советите на пример за вакцини или за температура се интегрирани во самата апликација.
Современиот начин на живот ги менува родителските навики, па сѐ почеста е комуникацијата со педијатрите преку мобилен телефон или е-пошта.
Со помош на платформата LittleDot родителите можат во било кое време и од било кое место да добијат медицински совет. Во истражувањето за LittleDot, предводено од др. Миливоје Јованчевиќ во август и септември 2018, спроведено меѓу 120 педијатри во Хрватска, дури 87.5% од нив истакнале дека сѐ почеста е комуникацијата со родителите преку мобилен телефон и е-пошта.
Исто така, скоро 80% од педијатрите сметаат дека повеќе од половина од прашањата за здравјето на децата можат да се решат без посета во ординација. Резултатите од истражувањето го потврдуваат значењето и предноста на LittleDot апликацијата која е бесплатна и овозможува следење на растот и развојот на децата низ 12 области од дигиталниот дневник – од тежина и раст, преку доење и исхрана, избивање на првите запчиња, евиденции за посета на педијатар и вакцини, па сѐ до бележење на првите чекори или зборови.
Креирањето на дигитален здравствен картон со сите информации за развојот и здравјето на децата, вклучувајќи и фотографии од медицинската документација, родителите го чуваат на својот смарт телефон и на безбеден сервер и можат да ги испратат до својот матичен педијатар или друг медицински експерт.
LittleDot автоматски ја пресметува кривата на растот, индексот на телесната маса или дозата на лекот за намалување на телесната температура, а советите на пример, за вакцини или намалување на температурата се интегрирани во самата апликација. Со помош на апликацијата, родителите имаат можност за одреден надомест да добијат и стручен медицински совет со потполна дискреција и заштита на личните податоци, без нарачување и чекање.
Корисниците можат да изберат кој сакаат доктор и да му испратат документација или фотографии од состојбата на детето, со цел да добијат брзо и стручно мислење. На тој начин можат да се решат бројни недоумици и грижи без посета на доктор. Ако состојбата на детето бара терапија, LittleDot експертот ќе ги упати родителите што понатака, за да се воспостави дијагноза и да се започне со терапија.
Родителите често бараат совет кога се на пат, па вака полесно можат да се консултираат околу проблемите. Нѐ контактираат родители од разни делови на Хрватска, но и од соседните земји – истакнува др. Јованчевиќ.
Извор: 24sata.hr
Крај