Што треба да го прашате вашето дете доколку има лоши оценки на училиште
Нема ништо слично на шокот кога ќе видите низа лоши оценки на крајот од полугодието. Но, пред да започнете сеопфатно да го испитувате вашето дете и да му поставувате премногу прашања, вдишете длабоко. Тоа не е најлошото нешто што може да се случи! Најдобар пристап во овој случај и начин да дознаете од каде доаѓа ова е да поставите неколку прашања:
1. Каде е всушност проблемот?
Проверете добро дали лошите оценки се по еден предмет, група сродни предмети или станува збор за лоши оценки по сите предмети без исклучок. Можеби ќе забележите дека не толку сјајните оценки се по предмети кои бараат пишување, или само во оние кои бараат силни математички вештини.
2. Што може да биде причина за овој проблем?
Прво размислете дали некои надворешни влијанија и проблеми, како што се вознемиреност, малтретирање во училиште, па дури и експериментирање со алкохол или дрога, би можеле да бидат причина за лошите оценки на вашето дете и доколку одговорот е потврден тогаш училишниот психолог треба да го запознаете со конкретниот проблем. Ако лошите оценки се резултат само на неучењето и непосветеноста на вашето дете, размислете во контекст на очекувањата за оценување на наставниците. Дали вашето дете потфрлило само на еден тест кој бил многу значаен? Или станува збор за подолг период непишување на домашните задачи? Мало истражување може да ви помогне да дознаете што е тоа што негативно влијае на неговите оценки.
3. Кога започнал проблемот?
Размислете колку вашето дете во изминатиот период било организирано и посветено на учењето и дали има некоја промена во однос на неговиот став и работната етика. Дали вознемирувачки го споделувало она за што учело на социјалните студии и дискутирало за книгите и обврските за време на семејните оброци? Дали учело навреме за тестовите или секогаш било во паника еден ден пред тестот тврдејќи дека нема доволно време да научи се? Однесувањето на детето кога е дома, дава сосема јасна слика за неговата работа и посветеност на училиште.
4. Како можеме да обезбедиме најдобри услови за учење во домот?
Бидете искрени и реални за тоа што најдобро функционира во вашиот дом. Можеби правилото за некористење на телефон за време на учењето и пишувањето домашна работа е добар начин да се постигне нешто, или создавање на простор за работа што ќе се користи исклучиво за училишни задачи.
5. Каков ученик е и кој начин на учење е најпогоден за неговиот стил?
Можеби проблемот е само во презентирањето на материјалот за учење. Дали има тешкотија да ги сфати концептите и информациите кои се напишани на табла? Дали може да запомни информации слушајќи од само едно читање? Постојат многу алатки и помагала за учење кои се соодветни за визуелните ученици, оние кои учат слушајќи и сите помеѓу тоа.
6. Која е вистинската личност за да и се обрати за помош?
Размислете со кого на вашето дете ќе ми биде најпријатно и на кого ќе му се обрати за помош: дали тоа е омилен учител, тренер, постар брат или сестра или некое другарче. Во секој случај разговорот и барањето помош треба да дојде од ученикот, а не од родителот.
Советувајте го вашето дете само да биде искрено и директно за она со што се бори и што му треба. Дефинирањето на проблемот е првиот чекор на патот кон успехот.
Крај