Луѓето кои немаат деца не можат да ги разберат овие работи
Кога ќе станете родител, ќе се приклучите на ексклузивна група луѓе кои едноставно “знаат”. Родителството е едно од најтешките работни места на планетата. Секогаш сте на повик, сè постојано се менува и без разлика колку е тешко да се обидете да бидете “совршен родител”, вашите деца прават работи за кои никогаш не сте очекувале или планирале. Доволно е само за еден миг да се свртите со главата. Од друга страна, љубовта што ја имате за вашите деца го прави сето тоа достојно и издржливо.
Еве неколку работи кои за да можете да ги разберете целосно, треба да имате деца:
Родителството не се учи од книга
Секој родител, најверојатно ќе прочита еден тон книги за “да се подготви” за огромната промена. Но, за жал, не можете да научите како да бидете родител од книгите.
Детето има своја личност, желби и потреби. Без оглед на тоа што го читате во книгите или го слушате од пријателите, нема да можете да примените ништо од тоа во пракса. Не е важно колку се добри намерите на вашите пријатели или колку е добро истражувана книгата за родителство, вашето дете е уникатно, со свои уникатни предизвици и предности. Иако ќе сакате да бидете подготвени за сѐ што ќе следи, сепак вашето дете често ќе ве фати неподготвени.
Понекогаш родителските инстинкти ја надминуваат логиката
Воспитувањето на детето често е борба, но љубовта што доаѓа е единствена. Таа љубов, влијае на секоја одлука што ја донесувате, но може да влијае и врз другите односи. Родителскиот инстинкт често ја надминува логиката и тоа може да биде добра работа, но не може да има смисла за оние кои не се родители.
Можеби не знаете зошто вашите пријатели го прават тоа што го прават, ако немате деца, но веројатно имаат добра причина. Одговорот можеби ви изгледа очигледен, но емоциите и интуицијата не можат да се отстранат од равенката.
Постојано сте на располагање
Вашите пријатели кои не се родители можеби не разбираат зошто постојано сте на располагање, но кога сте родител, чувствувате потреба да бидете достапни за вашите деца поголемиот дел од времето. Ова се зголемува како што децата растат.
Не можете да контролирате сѐ
Можеби сте сакале сѐ да имате под контрола, но родителството ќе ве научи дека мора малку да попуштите без разлика дали сакате или не! Ниту еден родител не може да го натера детето да изеде нешто или да заспие. Можете да направите многу работи за да поттикнете здрава исхрана, да ја структурирате рутината за спиење што ќе направи вашето дете да легне во разумен час, но ако децата се заинаетат – како што сите понекогаш прават – ништо не можете да направите. Мудрите родители учат да размислуваат и да дејствуваат со својот детски стил наместо да се борат против него.
Јавните напади на плачење на децата, можат да им се случат и на најдобрите родители
Дали вашето дете некогаш ви приредило непријатна сцена во јавноста? Тоа не мора да значи дека сте направиле нешто погрешно. Децата се обидуваат да научат за светот и сакаат да знаат колку можат да ги контролираат работите. Тие научиле дека плачот често привлекува вниманието, па можеби погласното плачење ќе има подобар ефект за да добијат нешто.
Не судете ги родителите, ако нивното дете прави сцена во јавност. Тестот за тоа дали се добри родители не е во зависност од тоа што прават децата, туку како родителите се справуваат со тоа.
Родителите се премногу зафатени
Да се биде родител значи дека не можете повеќе да ги правите работите што сте ги правеле, како одењето на забави или дружбата со пријателите. Тоа може да биде тешко за луѓето без деца да го разберат. Една работа што тие никако не можат да ја разберат е тоа колку се зафатени родителите. Не само што родителите се грижат за сите потреби на детето освен за сопствените, туку ги имаат и нивното школување, социјален живот и различните дополнителни активности, што им одзема многу време и им остава малку време или енергија за да направат нешто што го правеле пред да добијат деца.
Треба да имате премногу флексибилен распоред
Бидејќи сте толку зафатени и вашите деца имаат приоритет, треба да бидете многу флексибилни, нешто што вашите пријатели без деца можеби не можат целосно да го разберат. Кога имате деца, рамнотежата помеѓу работата и животот станува многу поголема борба. Со оглед на зголемените одговорности поврзани со родителството, родителот може да работи до доцна навечер, рано наутро или за време на викендот и повторно да не стигне да заврши се навреме – додека оние кои не се родители можат подобро и побрзо да ги завршат работните обврски и да ја задржат работата, со оглед на нивната способност да дојдат рано, да останат до доцна, или поради помала потреба да пропуштат работни денови.
Ова може да предизвика напнатост на работното место, каде што луѓето без деца нема да разберат зошто сте толку збунети.
Крај