Луѓето навистина поседуваат супермоќи
Човекот е едно од најголемите чуда на природата. И покрај тоа што нашите тела постојано се анализираат и проучуваат, научниците сè уште доаѓаат до неверојатни откритија во оваа област.
Во прилог прочитајте неколку интересни факти за човековото тело:
1. Kапацитетот на складирање меморија на човечкиот мозок е 1000 терабајти.
Научниците откриле дека една синапса (просторот помеѓу невронските клетки) има капацитет за складирање од 4,7 бита. Знаејќи го целиот број на синапси, капацитетот за складирање на меморијата на мозокот е еднаков на 1000 терабајти или 10 пати повеќе отколку што претходно се мислеше. Ако овој обем на меморија се претстави како графичка датотека, нејзината печатена верзија ќе биде долга околу 253 милијарди метри.
2. Човечките коски се неколку пати поцврсти од бетонот.
Нашите коски се направени од композитен материјал: во исто време се цврсти и еластични. Коските се состојат од калциум хидроксилапатит (околу 60%) и колаген, така што нивната структура е отпорна на фрактура.
3. Вкупниот капацитет на човечките бели дробови е еднаков на вкупната површина на тениско игралиште.
Белите дробови содржат воздушни ќелии во форма на меури кои учествуваат во гасната размена. Ако се сумира вкупната површина на сите белодробни воздушни ќелии, ќе добиете површина од едно тениско игралиште.
4. Луѓето имаат многу повеќе од 5 сетила.
Вкусот, видот, допирот, мирисот и слухот не се единствените сетила што ги имаме. Научниците според разни проценки изброиле од 9 до 20 сетила: чувството за време, термоцепцијата (чувството на топлина), рамномерноста (чувството на рамнотежа) и проприоцепцијата (разбирање на положбата на сопствените делови на телото).
5. Повеќето деца се раѓаат со сини очи.
Повеќето бебиња имаат сини очи кога ќе се родат, но бојата може да се смени со текот на времето. Одговорен за бојата на очите е меланинот, па колку повеќе меланин има рожницата, толку потемни се очите.
6. Ембрионот може да ја излечи мајката.
Забележано дека 50% од жените кои имале кардиомиопатија имале драстично подобрување за време на бременоста без никакво лекување. Објаснувањето за ова се матичните клетки на бебето, кои се способни да ги обноват заболените ткива на жената.
7. Жените трепкаат двојно повеќе од мажите.
Се смета дека разликата е во хормоналниот систем: жените имаат повисоко ниво на естроген. Пред сè, овој хормон го стимулира производството на природни лубриканти, навлажнувајќи ги сите мукозни мембрани, вклучувајќи ги и очите.
8. Луѓето наутро се повисоки отколку навечер.
Во текот на денот додека сме во вертикална положба, нашите интервертебрални дискови стануваат потесни и потешки поради притисокот на тежината. Кога спиеме дисковите се враќаат во нивната редовна големина и положба. Затоа наутро сме малку повисоки.
9. Човечките уши се способни да “слушаат” молекули.
Ако сакате да се уверите во овој факт, само затворете ги очите и побарајте некој да истури малку ладна вода во една чаша и топла вода во друга. Сигурно ја забележувате разликата меѓу звуците, нели? Во двата случаи се користи обична вода, но разликата е во брзината на молекулите.
10. Очите можат да имаат повеќе од една зеница.
Оваа појава се нарекува “поликорија”. Ако некој има 2 или повеќе зеници, тоа е почесто лажен ефект: само едната “дупка” на рожницата ја врши улогата на зеница, а останатите не играат никаква улога за видот. Поликорија е многу ретка појава.
Слики и текст превземени од brightside.me.
Крај