Лутеин – хранлива состојка која може да го направи вашето дете попаметно
Веќе знаете дека децата, како и возрасните имаат потреба од 5 оброци во денот, но според најновите истражувања постои одредена хранлива состојка што на вашето дете ќе му овозможи предност во училишните активности. Позната е под името лутеин, пигмент кој го има во зелјестиот зеленчук, жолчката од јајцето и светло обоеното овошје и зеленчук (како папајата и црвените пиперки).
Истражувачи од Универзитетот во Илиноис ги регистрирале нивоата на лутеин кај 8, 9 и 10-годишни деца додека тие извршувале некаква предизвикувачка когнитивна задача. Тие утврдиле дека мозочните бранови што се јавуваат при ментална активност на мозокот биле помали кај оние со повисоко ниво на лутеин и овие деца поуспешно ја извршиле задачата во споредба со останатите.
Истите тие истражувачи потоа извршиле второ испитување и откриле дека децата со повисоко ниво на лутеин покажале подобри резултати на стандардизирани училишни тестови, дури и кога би ги зеле во предвид и другите фактори (како на пример нивото на интелегенција и физичкиот фитнес).
Ова е прво истражување кое покажува дека нивото на лутеин кај децата е поврзано со тоа колку ефикасно и точно функционира нивниот мозок, што е чекор понапред во утврдувањето на влијанието на лутеинот врз детската когнитивност (осознавање).
Секако потребни се и дополнителни истражувања, па затоа не морате веднаш да воведувате нов режим на исхрана на вашето дете. Но, неколку морковчиња плус во денот, секако не би му штетеле.
Крај