Мафини со спанаќ
Состојки:
- 3-4 јајца
- 3 супени лажици маслиново масло
- брашно од спелта, јачмен, елда и пченично брашно – по половина шолја од секое
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 1 лажичка морска или обична сол
- 1 чаша минерална вода
- 2 полни раце сецкан спанаќ
Подготовка:
Подготовката е доста едноставна. Се матат белките од јајцата и потоа се додаваат жолчките и маслиновото масло и на крај се додава брашното. Се додава смесата од прашок за печиво, минерална вода и спанаќ, која се подготвува претходно во посебен сад. Добро се мешаат сите состојки.
Приготвената смеса се става во калапи за мафини и згора врз неа се посипуваат семки од сончоглед или лен. Се пече минимум 40 минути на 200 °C.
Крај