Мафини за сечиј вкус
Доколку припаѓате на бројната армија од љубители на мафини, еве неколку рецепти кои морате да ги пробате: со боровнинки, кремаста фантазија и чоко бомбици.
МАФИНИ СО БОРОВИНКИ
Состојки:
- 250 гр брашно
- 200 гр боровинки
- ½ прашок за пециво
- 1 јајце
- 150 гр шеќер
- малку сол
- прстофат сода бикарбона
- ванилин шеќер
- 125 гр путер
- 200 мл млеко
Подготовка:
Изматете го путерот, шеќерот, ванилиниот шеќер и јајцето, па потоа додадете млеко. Во друг сад соединете ги брашното, солта, прашокот за пециво и сода бикарбона. Турете ја смесата во корпици за печење и печете 25 минути во загреана рерна на 180 степени. Оставете десеттина минути да се оладат па дури потоа извадете ги од корпиците. Пред служење, посипете ги со шеќер во прав, а можете да ги декорирате и со свежи боровинки.
КРЕМАСТА ФАНТАЗИЈА
Состојки:
- 300 гр брашно,
- прашок за пециво
- 75 гр шеќер
- 5 дл млеко
- 2 јајца
- 50 мл масло
- 10 лажички нутела
Подготовка:
Измешајте го брашното со прашокот за пециво, па додадете шеќер и сѐ заедно убаво измешајте. Во друг сад изматете ги јајцата, а потоа со лесно мешање додадете го маслото и млекото. Кога смесата ќе се соедини, измешајте ја со брашното и шеќерот. Во подготвената смеса додадете една лажичка нутела па полека мешајте, турете ја смесата во калапи за мафини во кои претходно сте ставиле хартиени корпички. На врвот од секој мафин ставете по една лажичка нутела. Печете 20 минути во рерна загреана на 180 степени. Декорирајте со шарени бонбони или перли.
РОЗЕ КОЛАЧИ
Состојки:
- 2 јајца
- чаша шеќер
- чаша млеко
- чаша мелени плазма бисквити
- 50 гр чоколадо
- 60 гр путер
- 1 кесичка прашок за пециво
- чаша брашно
- чаша чоколадна глазура
- 3 капки екстракт од јагода
- 100 гр крем шлаг
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете го стопениот путер. Измешајте, додадете го млекото, мелената плазма, прашокот за пециво, брашното и екстрактот. Смесата турете ја во корпички и печете ги на 180 степени 20 минути. Шлагот изматете го со 100 мл ладна вода, па со него украсете ги оладените мафини.
ЧОКО БОМБИЦИ
Состојки:
- 4 јајца
- 100 гр шеќер
- 2 лажички брашно
- 200 гр чоколадо за готвење
- 100 гр путер
Подготовка:
Путерот и чоколадото стопете ги на пареа во ист сад. Во посебен сад измаматете ги белките од јајцата, а потоа и жолчките со шеќер па соединете ги така што жолчките ќе ги турате во изматените белки. Додадете брашно и лесно измешајте. Во оваа смеса мешајќи додадете 150 гр стопено чоколадо со путер и 50 гр сецкано чоколадо. Смесата турете ја во подмачкана тава за мафини и печите 10 минути во претходно загреана рерна на 220 степени.
Извор: novosti.rs
Крај