Мајчинството може да ве остари за 11 години!
Мајчинството може да биде ментално, физичко и емоционално оданочување, но една нова студија од Универзитетот Џорџ Мејсон откри и дека тоа може да ве остари на биолошко ниво. Според студијата жените кои родиле покажале знаци на побрзо биолошко стареење отколку оние кои немале родено – а разликата изнесувала приближно 11 години.
За да се дојде до овој заклучок, епидемиологот Ана Полак и нејзиниот тим на истражувачи ја анализирале ДНК собрана од околу 2000 жени на репродуктивна возраст во САД. Тие ја анализирале конкретно должината на теломерите, кои се делови од ДНК кои се наоѓаат на краевите на хромозомите и служат како своевидна заштита од оштетување и од губење на функцијата на клетките, што пак е тесно поврзано со стареењето. Стресот, недостатокот на сон, слабата исхрана и стареењето ги скратуваат теломерите. Кратките теломери значат подложност на дегенеративни болести како што се рак, дијабетес, срцеви заболувања и предвремена смртност, додека подолгите теломери спречуваат болести.
По приспособувањето на возраста, етничката припадност, образованието и начинот на живеење (цигари, алкохол итн.), жените кои родиле најмалку едно дете имале теломери кои биле 4,2% пократки во просек од оние кои немале родено. Овој процент е еквивалентен на приближно 11 години забрзано клеточно стареење.
Имајте на ум дека, поради природата на студијата, истражувачите можеле да воспостават само корелација, а не причинско-последичен ефект. Исто така, тие укажале на фактот дека не е само породувањето виновно за скратување на теломерите, туку и стресот околу грижата и растењето на детето. Со оглед на тоа што многу малку истражување е спроведено во оваа област, тие советуваат дека нивните резултати треба да се третираат со претпазливост.
Крај