5 работи за кои мајка ми беше во право
Ги превртувавте очите секогаш кога вашата мајка ве советуваше за нешто, но денес кога сте возрасни сигурно ќе се согласите дека мама сепак била во право!
Еве за што мојата мајка беше дефинитивно во право:
1. За мажите
Сѐ што ми кажа за мажите и врските е точно: од советот дека музичарите не се верни до тоа дека не треба да влегувам во врска со колега од работа. Се согласувате, нели?
2. Планирањето е секогаш добра идеја
Од многуте работи за кои мојата мајка беше во право, нешто што целосно го ценам денес е советот дека ако ја подготвам облеката за наредното утро, вечерта пред спиење сигурно ќе заштедам време и нема да доцнам. Или да понесам јакна или џемпер зошто навечер заладува.
3. Се разбира, таа беше во право за сончањето
Секое лето се обидуваше да ми објасне дека печењето на сонце не е добро за кожата. А јас се разбира дека не ја слушав бидејќи беше особено важно да добијам што е можно потемен тен (беше еден вид натпревар помеѓу другарките). Денес го знам тоа, но штетата е веќе направена!
4. Искажување на мала благодарност е секогаш добро
Секогаш заблагодарете се кога некој ќе ви помогне или ќе направи нешто за вас – навистина не е лесно да убедите дете да го направи тоа, но тоа станува навика. Во возрасниот свет, да се биде благодарен е доблест!
5. Сестрата/братот ќе ти бидат најдобри пријатели кога ќе пораснеш
Сестра ми и јас се боревме како мачка и куче, па секогаш кога мајка ми ќе речеше дека ќе бидеме најдобри пријателки еден ден, никогаш не ѝ верував. Но, таа беше во право – сега кога сме постари, не знам што би правела без неа!
Крај