20 мали нешта кои им значат многу на децата
Можеби овие гестови и однесувања за возрасните воопшто не се значајни, но за децата имаат огромна важност. Еве неколку лесни трикови за да измамите насмевка на лицето на вашето дете.
1. Носете го ѓерданот од макарони кој вашето дете го направи со голема љубов за вас. Барем додека не излезете сигурно надвор од домот.
2. Одете на прошетка или да купите нешто само со едно дете.
3. Одвреме-навреме ставете им чоколада или бонбони во училишниот ранец.
4. Кажете “да” на нешто што обично не им е довозволено да го прават.
5. Ако се карате пред детето, бидете сигурни дека тоа ќе види и како се смирувате.
6. Дозволете му на вашето 4-годишно детенце да стапне во секое вирче на пат кон дома, па дури и ако не носи гумени чизми.
7. Донесете му миленик на кој му е потребен дом и детска љубов.
8. Оставете го детето да се бори во сопствените битки на игралиштето, пред да интервенирате.
9. Направете ваши рутуали и традиции: возење велосипед во петок, гледање филм во сабота, украсување на новогодишната елка или декорирање на велигденските јајца.
10. Побарајте од детето да ве научи да правите нешто (па дури и ако станува збор за играње на некоја игра). Откако ќе го усовршите тоа пофалете го дека е добар учител.
11. Дозволете му на детето да слушне како зборувате нешто убаво за него.
12. Направете им палачинки во интересни форми за појадок.
13. Поставете табла во неговата соба за да си пишувате пораки.
14. Покажете му ваши стари фотографии и предмети од периодот кога сте биле на иста возраст.
15. Измислете таен семеен поздрав.
16. Чекајте да падне мрак за да ја видите полната месечина.
17. Дозволете му на детето да ја носи новата облека кога одите во супермаркет.
18. Ако видите дека детето е уморно или нерасположено кога се враќа од училиште, не го опсипувајте со прашања за тоа каков бил неговиот ден. Оставете го тоа за подоцна и разговарајте за време на вечерата.
19. Ако детето не успева да направи нешто и покрај сите обиди и е тажно и разочарано поради тоа, дозволете му да се откаже и дајте му ја вашата поддршка.
20. Заблагодарете му се секогаш кога ќе направи некоја работа во домот, па дури и ако станува збор само за закачување на водениот пешкир.
Крај