Mаринада од праски за совршени кременадли
Овој совршен сос или маринада за свинско месо ќе направи да се почувствувате како да јадете во најелитниот ресторан. Совршениот спој на состојките ќе му даде неодолив вкус на свинското месо.
Потребни состојки:
2 праски (излупени и исецени на помали парчиња)
2 гранчиња мајчина душица
1 лажица маслиново масло
1 чешне лук
3 лажици оцет балсамико
Состојките ставете ги во блендер и измешајте ги за да се соединат. Со вака добиениот сос можете да ги премачкате испешеното месо или да го маринирате.
Крај