Не сте задоволни со бојата на вашата коса: Оваа маска потполно ја отстранува бојата, а не му штети на влакното!
Се одлучивте да ја бојадисате косата дома, но нијансата која ја добивте по бојадисувањето е премногу темна или пак премногу жолта? Не грижете се, постои домашен рецепт кој ја “отстранува” бојата за коса и што е најважно, не е штетен за косата.
Кога треба да ја користите маската за отстранување на бојата за коса?
- Ако сте добиле премногу темна нијанса на бојата
- Ако по бојадисувањето, косата ви е со портокалова нијанса или бојата има зеленкаста или премногу жолта нијанса
- Ако сакате постепено да преминете на посветла нијанса на боја на вашата коса
Рецепт:
За маската за коса потребно е:
- 3-4 лажички шампон за коса
- 10-15 таблети витамин Ц
- 1 лажичка вода
- сода бикарбона
За шампон по маската:
- 2 лажички сода бикарбона
- 2 лажички шампон
Постапка:
- Таблетите со витамин Ц здробете ги во прав со помош на лажичка.
- Во една шолја ставете од шампонот, додадете ги таблетите во прав и неколкуте капки вода.
- Сѐ добро измешајте додека не добиете кремаста смеса.
- На влажна коса исушена со крпа, нанесете од смесата и тоа темелно, како да нанесувате боја за коса.
- Завиткајте ја косата со проѕирна фолија и оставете да дејствува еден час.
- Потоа, измиете ја косата со мешавината од сода бикарбона и шампон и тоа 2 пати по ред.
Извор: stil.kurir.rs
Крај