Машките и женските мозоци се различни!?
Точно е дека машките и женските мозоци се различни. Понекогаш дури и премногу!
Разликата доаѓа уште од самиот почеток, односно од она што се случува во матката. Мозокот почнува да се развива уште пред да се родиме. Во тој период, машкиот мозок е под силно влијание на присуството на тестостерон, па некои мажи добиваат многу силни машки тенденции а други – помалку.
Сепак, повеќето мажи размислуваат на доста предвидлив начин.
Ако сте поминале долго време со човек кој има типичен машки мозок веројатно сте забележале барем неколку чудни работи, но најважно е да запомнете дека неговиот мозок не е изграден како вашиот.
Кога еден маж покажува една од овие особини тој не е тврдоглав или груб, туку едноставно го користи мозокот така како што му е направен.
Ова се петте мистерии на машкиот мозок кои можеби и објаснуваат зошто мажите се однесуваат и размислуваат различно од жените:
Не ги забележува работите.
Типичен пример: поставувате новогодишна декорација на вратата, тој доаѓа дома и поминува низ истата таа врата. Откако ќе влезе го прашувате дали му се допаѓа и тој ќе мора да се врати назад за да го погледне… бидејќи кога влегувал воопшто не го забележал!
Мора да има контрола врз сѐ.
Дури и кога станува збор само за гледање телевизија тој мора да го има далечинскиот управувач. Бидејќи ако вие го имате – тој нема да може да ја контролира ситуацијата, а во најголемиот дел од времето тоа значи дека нервозно и бескрајно ќе ги менува каналите за да се осигура дека не пропушта нешто подобро.
Сака да најде решение за секој “проблем”.
Доаѓате дома после тежок ден на работа. Ве слуша кратко како зборувате за проблемите со колегите, чувствува дека сте вознемирени, но не сфаќа дека вие само сакате да ги споделите вашите чувства. Веднаш почнува да се обидува да го “реши проблемот”. Да, вие сакате само поддршка, но тој ќе ви помогне да најдете решение!
Не ве слуша кога зборувате.
Само вие двајца сте во собата и вие му кажувате нешто. Бидете сигурни дека тој воопшто не ве слушнал иако можеби кимнал со главата или рекол: “Секако”. Неговото внимание едноставно е на друго место.
Може да биде сконцентриран само на една работа.
Тој може да биде толку фокусиран на компјутерот, телевизорот или книгата и се лути кога ќе се обидете да разговарате со него. Ако сакате да му кажете нешто ќе треба да го прекинете неколку пати за да ве слушне и кога конечно ќе го добиете вниманието, тој ќе биде видливо вознемирен.
Некои од овие сценарија се смешни, а некои се иритантни. Но најважно е да се сврти вниманието на фактот дека мажите и жените се фундаментално различни на некој начин и токму тие разлики се она што ги поврзува и привлекува едни кон други!
Не му се лутете на мажот затоа што размислува и постапува како маж. Да, тој можеби го присвојува далечинскиот управувач, нема да слушне нешто што сте кажале, или можеби нема да ја забележи новата слика во вашиот дом, но верувајте тоа не го прави намерно!
Затоа едноставно прифатете дека мажите и жените се два различни светови кои не можат еден без друг и не замерувајте за нешто што е предодредено да биде така.
Крај