Родителите не се свесни за тажното значење на ова популарно машко име
Во потрага по уникатно и необично име за своето дете, родителите често избираат стари, традиционални имиња од нивните предци. Но, треба да знаете дека таквите стари имиња, не го имаат секогаш она значење кое денес им се придава. Веројатно најдобар пример за такво старо име кое и денес е доста застапено и популарно е името Ненад.
Ова е име од српско потекло кое е распространето во повеќе земји од Балканот. Се смета дека води потекло од српскиот глагол ”очекува” и најчесто се давало на деца кои дошле на свет ненадејно, односно деца кои родителите не ги очекувале. Најчест случај бил кога мајката останувала бремена во поодмината возраст.
Иако ова не мора да се гледа како целосно негативно значење, некои етнолози одат до таму што тврдат дека ова име има потекло од негацијата на глаголот ”сака” и всушност значи несакано дете.
Извор: stil.kurir.rs
Крај