Мене мажот не ми помага околу децата, а вам? Неверојатен текст на една мајка!
Не, ова не е уште едно критикување на мажите дека ништо не работат дома и дека жените се пресреќни кога мажите ќе се согласат да го причуваат детето барем на еден час.
Ова е всушност посветување внимание на тоа што е навистина помагање, а што не е!
“Знам дека ова е машко општество. Знам дека пред само две генерации било совршено нормално жената да добие воспитна казна ако го пресоли ручекот, децата да се тепаат со каиш и зборот на мажот во куќата било единственото нешто што е важно и што треба да се слушне.
Но, исто така знам дека во меѓувреме жените станаа столб на куќата. Тие денес работат, водат бизнис, донесуваат важни одлуки. Тие се сопственици, директори на важни компании, носители на значајни политички функции. Дури би биле и во уште поголем број на таквите позиции ако не постојат сѐуште многу од оние мажи кои на драга волја би се вратиле во времето на нивните дедовци, кога би можеле.
Мојот маж има важна позиција во една телекомуникациска компанија. Јас додека не добив деца, работев во една медиумска куќа на неколку позиции и одлучив со своја волја да ја напуштам работата и да започнам приватен бизнис. Со негова потполна поддршка. И денес, после нешто повеќе од година дена, можам да речам дека успеав во тоа. Но кога ќе се завртам околу себе, не е тоа она на што најмногу ми честитаат. Туку на тоа што сум се омажила добро”.
Лесно ти е тебе, ти можеш сѐ да постигнеш, тебе мажот ти помага околу децата!
Eх, кога мојот барем еднаш би исчистил со правосмукалка. Ти си среќна жена, кога тој сака да ти помага во куќата!
Не, мене мажот не ми помага околу децата. Тој се грижи за своите деца. Мажот е воедно и татко и се труди таа работа да ја извршува најдобро што може. Тој исто така, е дел од ова семејство па грижата за нашиот дом е подеднакво и моја и негова.
Па да разјасниме за сите оние мајки чии мажи се враќаат од работа и легнуваат да одморат, а тие си мислат дека тоа е во ред:
– Кога ќе ги избања децата, тој не помага, тој учествува во родителството.
– Кога ќе ги нахрани, тој не помага, тој се грижи неговите деца да бидат сити.
– Кога заедно со мене и нашата ќерка ќе направи кукла како дел од училишната задача, тој не помага, тој ужива во тоа што е татко.
– Кога брза од работа и пропушта натпревар на телевизија за да го заспие синот, тој не е прекрасен маж, туку прекрасен татко.
– Кога ќе ги извади од машина и прибере чистите садови (скоро секое утро), тој не е прекрасен маж, тој знае дека на тој начин ќе ми остане повеќе време да се посветам на децата.
– Но, затоа што секое утро ме буди мирисот на свежо кафе, бидејќи знае дека не е лесно да се спие со бебе, тој е најдобриот маж на светот.
– Затоа што баш секој пат ме бакнува пред заминување на работа и кога ќе се врати, тој е најдобриот маж на светот.
– Затоа што наутро секогаш ги стишува децата за да можам да одморам малку повеќе, тој е најдобриот маж на светот.
– И затоа што направил да не можам да замислам ниту еден ден од својот живот без него, тој е најдобриот маж на светот.
– И е најдобриот пример за нашиот син, кој учи како треба да се однесува кон семејството. И за својата ќерка, која ја учи каков треба да биде таткото и мажот.
Извор: stil.kurir.rs
Крај