Месото се чува 3, а сармата најмногу 4 дена: Избегнете труење со храна за време на празниците!
Немојте да добиете труење со храна за време на празниците и прочитајте ги советите на екпертите за исхраната со одредени видови јадења. Готвената и печената храна немојте да ја оставате на балкон, бидејќи микроорганизмите се создаваат на температура уште од 5°C.
Последиците од труење со храна можат да бидат многу незгодни, па дури и опасни, затоа обрнете внимание на правилното чување, но и изгледот и мирисот на храната која не се изела во првите два дена, предупредуваат експертите.
Со богатата празнична трпеза се врзуваат многу убави спомени од детството, а Божиќ не е потполн без мирисот на сочно месо и слатки колачи.
Меѓутоа, често е тешко да се процени соодветната количина храна за цела фамилија која за време на тие денови се собира околу празничната трпеза, па затоа најчесто претеруваме. Затоа е важно остатоците од храната да се чуваат на правилен начин за таа да биде потполно сигурна за конзумирање подоцна.
Храната е подложна на расипување на температура помеѓу 5 и 6°C. Оваа температура е најпогодна за развој на микроорганизми па храната треба да се стави во фрижидер или замрзнувач најдоцна до два часа по јадење.
Најчесто на празничната трпеза се наоѓаат традиционалната сарма, месо, руска салата, пити и телешка чорба. Важно е да имате во предвид дека сармата е најотпорна, но секако и таа има свој рок на траење.
Сармата треба да се чува во фрижидер и треба да се изеде во рок од 3 до 4 дена. Се препорачува да се загрева количина која е доволна за еден оброк и задолжително оставете ја да проврие за да се спречи раст на микроорганизми. Може и да се замрзне и така да се чува и до 4 месеци, тврдат експертите.
Свинското месо, како и другото печено месо, треба да се изеде во рок од 3 дена. Рибата е повеќе подложна на расипување и не би требало да се јаде подолго од 2 дена.
Храната која ви е сомнителна немојте да ја пробувате или да се обидувате да ја “спасите” од пропаѓање загревајќи ја – бидејќи тоа нема да ви помогне. Подобро да ја фрлите.
Микроорганизмите испуштаат токсини кои не се уништуваат со термичка обработка.
Одмрзнатата храна никогаш немојте повторно да ја замрзнувате.
Можете сѐ да замрзнете, но таа постапка може да влијае на вкусот и својствата на одредена храна.
Салатите можат да ја изгубат својата кремаста конзистенција, додека пак зеленчукот може да ја изгуби својата боја. Салатите не е добро да се замрзнуваат, а и мајонезот исто така, објаснуваат нутриционистите.
Замрзнатите остатоци е пожелно да се потрошат во рок од 2 до 6 месеци. Еднаш одмрзнатата храна не треба повторно да се замрзнува, затоа пакувајте ги остатоците на тој начин што ќе ги одвоите да ви бидат достапни за еден оброк.
Бремените жени мораат да бидат особено внимателни.
Ако храната која ја конзумираме била во контакт со бактерии, а после тоа не е термички обработена, постои ризик од труење со Салмонела, Токсоплазма и Листерија. Последиците од труењето со овие бактерии во најтешките случаи можат да предизвикаат смрт на фетусот кај заразената трудница, предупредуваат експертите.
Намалете ги шансите од труење со храна, на тој начин што ќе го одвоите месото и зеленчукот.
Овошјето и зеленчукот убаво измијте ги и спакувајте ги посебно.
Обрнете внимание свежите намирници да ги издвојувате од термички обработените и не мешајте разни видови меса. Не чувајте заедно месо и зеленчук бидејќи е поголем ризикот бактериите од месото да преминат на зеленчукот, а салатата не смеете термички да ја обработувате за да ги уништите микроорганизмите.
Извор: stil.kurir.rs
Крај