Децата повеќе сакаат милениче отколку брат или сестра!?
Секако дека вашата ќеркичка сака помала сестра за да си играат принцези и заедно да ги облекуваат фустаните од мама. Но, штом во собата дотрча кучето – тоа станува главна ѕвезда и сѐ друго е неважно покрај него.
Според новите истражувања од Cambridge, децата се многу позадоволни и посреќни од играта со домашниот миленик (особено ако станува збор за куче), отколку од времето поминато заедно со братчето или сестричката.
Во истражувањето биле вклучени деца од 12 годишна возраст и било побарано од нив да направат споредба помеѓу нивната врска со миленикот и со братот и/или сестрата. Децата кажале дека посилна поврзаност и пријателство имаат со миленикот и многу помали конфликти отколку со братот и сетрата. Исто така без никаков проблем можеле да споделат тајна со својот миленик (бидејќи кучињата не зборуваат, не можат да им судат и да им противречат).
Немојте да нѐ разберете погрешно: секако дека децата ги сакаат и браќата и сестрите! Само немојте да ја потцените важноста која ја има семејниот миленик врз развојот на детето.
Крај