Минијатурен јапонски мебел за вашите миленици
ИКЕА неодамна лансираше мебел за миленичиња па разбирливо е и јапонските конкуренти да се во чекор со новитетите. Okawa Kagu создаде уникатен мебел само за мачки, а неговиот висок квалитет навистина ќе го разгали вашето бушаво милениче.
Целта на проектот е да се промовира Фукуока, област во Јапонија, каде професионалци специјализираат во традиционалните занаети како што се обработка на дрво, стакло и прибор за јадење. Местото исто така е дом на 150 фабрики за мебел, што го прави еден од главните градови на Јапонската индустријата.
Извор: boredpanda
Крај